Од првите полициски сирени до најобемниот судски процес – една година по трагедијата во „Пулс“, Македонија сè уште ја бара вистината. 16-ти март, пред да осамне утрото, почнаа приведувања, на почетокот без филтер – на распит беше повикан секој што на каков и да било начин беше поврзан со клубот.
-
Македонија 16.03.2026 17:45
-
Македонија 16.03.2026 17:19
Посветеноста на возачите на Итната помош на дело
Пред една година ја имавме најдолгата и најстресна смена како возачи на Брзата помош. Возевме 36 часа десетици пати на релација Штип – Кочани – Скопје. Умор не почувствувавме, но страотните глетки нема да ги заборавиме.
-
Македонија 16.03.2026 17:10
63 бели срца за 63 изгубени животи во Кочани
Железна ограда со 63 бели срциња на кои се испишани имињата на жртвите. Дискотеката „Пулс“ нема пред фактот дека толку многу млади луѓе кои требаше допрва да го откриваат, ги испрати од овој свет.
-
Македонија 16.03.2026 16:32
Сведоштва на лекарите за кобната ноќ
Често ми се враќа сеќавањето кога го добив повикот во ноќта и ми кажаа за несреќата, се сеќавам на првите тешко повредени пациенти и прашањето кое ме тиштеше, во каква состојба се другите што ќе стигнат и можеме ли да им помогнеме, се присеќа професорката Срцева.
-
Македонија 16.03.2026 15:15
Лишено од слобода лице од село во општина Старо Нагоричане, предизвикал пожар во туѓ имот
Вчера во 12:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П. од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, соопштија од МВР.
-
Македонија 16.03.2026 13:34
Брифинг со спикерот Гаши
„Секој да се грижи за институцијата која ја води, а не да гледа во туѓиот двор“ – ова е реакцијата на собранискиот претседател Африм Гаши за критиките на првиот човек на Уставниот суд, Дарко Костадиновски дека Парламентот не ги извршува своите обврски во целост. -
Македонија 16.03.2026 13:33
Утре нов лет за евакуација од Дубаи
Утре уште еден лет Дубаи-Скопје за евакуација на македонски државјани. Досега беа реализирани четири чартери со кои беа превезени вкупно 458 патници. Дали утрешниот лет е последен или ќе има уште?
-
Македонија 16.03.2026 13:20
Струмица: Засадено дрвце за загинатите во „Пулс“
Во струмичкиот парк, средношколци засадија дрвца како почит за починатите во Кочани. Повикаа на сплотеност во најтешките моменти. Градот го загуби својот сограѓанин, Ѓорѓи Ѓорѓиев, тапанарот на групата ДНК.
Што други рекоа младите струмичани, известува Ване Трајков.
-
Македонија 16.03.2026 13:20
Годишнина од трагедијата во „Пулс“
„63 бели столчиња – 63 животи“ – во Паркот на револуцијата во Кочани одбележување на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“. По една бела роза за спомен. Градот и семејствата на жртвите една година живеат со болката од најголемата трагедија во поновата историја на земјава. -
Македонија 16.03.2026 12:18
Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).










