Тече притворот за сопругот и татко на жртвите во скопски Карпош. Се собираат докази за кривичните дела што му се ставаат на товар. Се чекаат и информации од Министерството за социјала за постапувањето на центрите.
Известува Андријана Ѓурческа
Тече притворот за сопругот и татко на жртвите во скопски Карпош. Се собираат докази за кривичните дела што му се ставаат на товар. Се чекаат и информации од Министерството за социјала за постапувањето на центрите.
Известува Андријана Ѓурческа
Во Собранието на седница треба да се изберат новите заменик-министри за одбрана и за образование, кадар од коалицијата „Вреди“. Вообичаена практика е и еднаш месечно да има пратенички прашања само за опозицијата.
Миле А. Ристески е во законодавниот дом.
Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денес престојува во повеќедневна работна посета на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со градоначалникот на Василево, Славе Андонов, изврши увид во реализацијата на инфраструктурниот проект „Creative DG EcoTour“, кој се спроведува во рамки на Програмата INTERREG VI-A IPA со Бугарија 2021 – 2027.
Уставен суд на Република Македонија денеска ќе ја одржи третата седница, на чиј дневен ред се предвидени девет иницијативи за оценување на уставноста и законитоста.
Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави алармантен извештај за работата на Министерството за односи меѓу заедниците за 2024 година, во кој е изразено неповолно мислење за реалноста на финансиските извештаи и усогласеноста со законите.
Тешко моторните возила се пренасочуваат од БП Дизел-Стенковец до ГП-Блаце.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Денеска во законодавниот дом ќе се избираат заменици министри во одбрана и образование. По повеќе од десет месеци од излегувањето на Таравари од Владата, премиерот треба да го комплетира владиниот состав, со испразнетите позиции во двата ресора.
Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода девет возачи, од кои шест за возење без возачка дозвола, еден за возење нерегистрирано возило без возачка дозвола, еден за управување на возило под дејство на алкохол и еден за управување возило и