Унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес биле темите за кои разговарале денеска премиерот Христијан Мицкоски и вршителката на должност амбасадор на САД, Никол Варнс.
-
Македонија 17.02.2026 14:32
-
Македонија 17.02.2026 14:09
Лишени од слобода осум возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои седум за возење без возачка дозвола и еден со забрана за управување возило од Б категорија и под дејство на алкохол, соопштија од МВР.
-
Македонија 17.02.2026 13:54
Справување со последиците од поплавата во Кичево, Народен правобранител отвори предмет
Народен правобранител отвори предмет во врска со сериозната состојба со поплавите во Кичево. Според првичните податоци, врз основа на фотодокументација и информации добиени од граѓани, поплавите зафатиле јавни сообраќајници, станбени објекти и објекти од јавен интерес.
-
Македонија 17.02.2026 13:04
Комплетирање на составот на судии за поефикасна работа
Уставниот суд и Академијата на судии и јавни обвинители ја зајакнуваат меѓусебната соработка. Првиот човек на највисоката уставна институција вели дека наскоро составот на судии ќе се комплетира, со што ќе се подобри ефикасноста на судот.
-
Македонија 17.02.2026 13:01
Седница на Советот на јавни обвинители
Процедурата за избор на нов државен јавен обвинител влегува во клучна фаза. Совет на јавни обвинители на седница треба да достави образложено мислење до Владата за кандидатите што конкурираат за функцијата. Во трка се петмина.
Известува Анита Димитријевска Велковска.
-
Македонија 17.02.2026 12:57
Синдикалците го блокираа пристапот до Владата
Сојуз на синдикатите на Македонија ги блокира влезовите на Владата, бара одговор за барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра и раст на останати плати за 100 евра. Протестираат и поради неприфаќање на предлогот за субвенционирање на дел од придонесите.
-
Македонија 17.02.2026 12:29
МДТ: Законската рамка треба да промовира слобода на говор и правна сигурност
Во однос на објавите во медиумите поврзани со реакциите на дел од инфлуенсерите и дигиталните креатори на содржини во врска со Правилникот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), т.н.
-
Македонија 17.02.2026 12:00
Реките со енормен пораст по обилните дождови – Треска четири, Вардар два и пол пати над просекот
Обилните врнежи од дожд што ја зафатија целата територија на Македонија во изминатите денови предизвикаа значителен пораст на речните води, соопшти Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР).
-
Македонија 17.02.2026 11:24
Градежниот факултет ќе изврши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга
По барањето поднесено од градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје официјално го прифати барањето и ќе упати стручен тим за теренски увид на водоснабдителниот систем.
-
Македонија 17.02.2026 10:59
Под вода повеќе региони, се санираат штетите
По изобилните врнежи од дожд под вода се најдоа неколку региони во земјава. Најкритично во тетовскиот, кичевскиот и во гостиварскиот регион. Поплавите направија штета во голем број домаќинства, дел од куќите се целосно уништени.










