Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), г. Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот 112 и Секторот за операции, континуирано ја следи состојбата на терен по обилните врнежи што ја зафатија земјава.
-
Македонија 08.01.2026 08:53
-
Македонија 08.01.2026 08:30
Променливо облачно со дожд и снег
Променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец (над 60 km/h).
-
Македонија 07.01.2026 19:07
Фетаи: Остро го осудувам случајот со малолетничката во Слупчане, нулта толеранција кон секоја форма на насилство
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Арбен Фетаи, со најголема острина ги осудува тешките и неприфатливи дела на сексуална злоупотреба и уцена врз малолетничка во селото Слупчане, Општина Липково, како што денес беше објавено во медиумите.
-
Македонија 07.01.2026 18:54
ЦУК: Поплави и одрони се регистрирани во неколку делови од државата
Обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјава предизвикаа поплави и одрони во неколку региони во западниот дел, а во тек е евакуација на жители во некои од погодените места, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-
Македонија 07.01.2026 18:25
МВР го истражува осветувањето на новите возила
Mинистерството за внатрешни работи отвори истрага по фотографиите што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа свештеник како врши верски обред и осветување на службени полициски возила во кругот на министерството.
-
Македонија 07.01.2026 16:46
Божиќен ручек за 500 деца
Околу 500 деца од речиси цела Македонија седнаа на заедничкиот, традиционален божиќен ручек. Насмевки, радост од заедништвото и многу желби и пораки испратија најмладите кои се и во симболиката на празнувањето на Христовото раѓање.
Божикниот ручек е под мотото „Едно небо за сите деца“.
-
Македонија 07.01.2026 16:00
Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената божествена литургија во Соборниот храм во Скопје
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на Христовото раѓање – Божиќ, присуствуваше на Архиерејската Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со којашто чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан.
-
Македонија 07.01.2026 15:31
Божиќни литургии во православните храмови
Христовото раѓање, најсветлиот и најрадосен празник. Ден кој се смета за симбол на мирот, љубовта и надежта. Во сите храмови на македонската православна црква се одржаа божикни литургии.
-
Македонија 07.01.2026 14:53
Променливото време ги зголеми интервенциите
Невообичаено топлото време во овој период од годината ги зголеми интервенциите во Итната медицинска помош. Разликата во температурата најмногу ја чувствуваат хронично болните, особено оние со висок крвен притисок, пациентите со кардиоваскуларни и белодробни заболувања.
-
Македонија 07.01.2026 13:54
Меѓу ракометот и фрескописот
Љубовта кон сликарството, но и желбата да ја зачува традицијата, го поттикнуваат младиот Влатко Тасевски од Куманово да изработува икони.










