Почина двегодишното дете кое беше повредено на новогодишната ноќ и во тешка состојба беше хоспитализирано со метално парче во главата. Основното јавно обвинителство нареди обдукција на телото на детето.
-
Македонија 02.01.2026 13:10
-
Македонија 02.01.2026 12:28
Празниците – лек за расположение и добра мисла
Од памтивека, комедиите се најпосетуваните претстави. До ден денес е копнежот по причината за доброто расположение и смеата.
-
Македонија 02.01.2026 12:11
Македонија и натаму се соочува со негативен природен прираст
Очекуваниот животен век во земјава лани се зголемил за една година и изнесува 76,6 години, но Македонија и натаму се соочува со негативен природен прираст, покажуваат податоците од „Статистичкиот годишник 2025“ на Државниот завод за статистика.
-
Македонија 02.01.2026 11:32
Обвинителен акт за сообраќајка со смртни последици во Скопје
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 02.01.2026 11:06
Почина двегодишното дете повредено на новогодишната ноќ
Утрово почина двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ. Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото.
-
Македонија 02.01.2026 10:49
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Кочани
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во посета на Општина Кочани, каде што ќе присуствува на отворањето на новата детска градинка.
Станува збор за објектот „Детелинки“, кој функционира во состав на Јавната општинска установа за деца „Павлина Велјанова“.
-
Македонија 02.01.2026 10:38
Делумен прекин на железничкиот сообраќај поради бојкот на дел од персоналот
Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава е во делумен прекин поради бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт, информира Тони Димовски од Синдикалната организација на машиновозачи.
-
Македонија 02.01.2026 10:06
Измерени многу ниски минимални температури во Македонија
Утрово во Македонија се измерени многу ниски минимални температури, при што најстудено беше во Берово со-13 степени.
-
Македонија 02.01.2026 09:44
Поднесено обвинение за злоупотреби и измами со набавките во РЕК Битола
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 8 физички и 1 правно лице за злоупотреби поврзани со постапки за јавни набавки во РЕК Битола.
-
Македонија 02.01.2026 09:37
Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за несреќата во познатиот ски-центар
По исчезнувањето на младиот Стивен Ивановски во Швајцарија, од неговото семејство и пријатели, апел за помош. Според нивни информации, последен пат бил виден за време на пожарот што избувна во бар во познатиот зимски центар „Кран-Монтана“.










