Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска и утре учествува на Белградскиот безбедносен форум (Belgrade Security Forum) на покана на Белградскиот центар за безбедносни политики како дел од организаторската тројка.
-
Македонија 26.10.2021 13:15
-
Македонија 26.10.2021 12:52
Од петок пораст на температурите
Следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност. Утре минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст на температурите, особено на утринските. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
-
Македонија 26.10.2021 12:11
За седум граѓани на Авганистан траен престој обезбеди Португалија
Четворица возрасни и три деца изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје преку Истанбул, заминаа за Португалија како нивно трајно одредиште, информираат од владината прес- служба.
-
Македонија 26.10.2021 11:55
Повторување на гласањето од првиот круг ќе има на по едно избирачко место во Дебар и во Шуто Оризари
Во недела на локалните избори повторување на гласањето од првиот круг ќе има на две избирачки места – на 0543 во Дебар за градоначалник и на 2957/1 во Шуто Оризари за членови на советот.
-
Македонија 26.10.2021 11:04
ВМРО-ДПМНЕ и денес објави нови информации за „злосторничката група во МВР“
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска објави нови информации за како што велат, злосторничката група во МВР, која изрекувала измислени казни, принудни запирања и правела списоци за гласање за СДСМ. Според партијата, вакви групи освен во Прилеп, имало и во Битола, Радовиш, Охрид.
-
Македонија 26.10.2021 10:46
Намален водостојот на Охридското Езеро
За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на двете други природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
-
Македонија 26.10.2021 10:39
Активни 6.187 ковид- случаи, половина од нив се во Скопје
Пораст на активните ковид- случаи во последните пет дена во земјава. На 20-ти октомври имало околу 5.700 активни случаи, а вчера беа регистрирани 6.187. Од 1.514 тестирања, вчера беа регистрирани 135 нови случаи. Починале 11 лица, а регистрирани се 330 оздравени пациенти.
-
Македонија 26.10.2021 10:24
Викендов почнува зимското сметање на времето
Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (30-ти октомври) и недела (31-ви октомври) ќе преминат на зимско сметање на времето.
-
Македонија 26.10.2021 09:48
Владата ќе ја одржи редовната 115-та седница
Владата денеска ќе ја одржи редовната 115-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
-
Македонија 26.10.2021 09:24
Нова стратегија за земјоделските задруги
Генерално, домашните земјоделски задруги не можат да обезбедат доволни количества и соодветен квалитет на производи. Нивната преговарачка моќ е слаба, и се под големо влијание на трговците и посредниците, кои ги диктираат условите и за набавката на материјалите и за продажбата.










