Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните семејства заминаа за Даблин, Република Ирска, како нивно трајно одредиште, соопштија од Владата.
-
Македонија 19.10.2021 12:44
-
Македонија 19.10.2021 12:24
Почина новинарот Никола Талевски, поранешен дописник на јавниот сервис од Битола
На 81- годишна возраст почина Никола Талевски, поранешен дописник на јавниот сервис од Битола.
Од некогашната Радио- телевизија Скопје, до пензионирањето во МТВ, Талевски остави длабоки траги во новинарството преку илјадници текстови и голем број емисии.
-
Македонија 19.10.2021 12:07
Резултати од пописот најдоцна во март
Најдоцна во март идната година, Државниот завод за статистика ќе ги објави податоците од спроведениот попис. Директорот Симовски е оптимист дека резултатите може да се презентираат и порано. Дотогаш ќе се спроведува последната фаза од обработката на податоците.
-
Македонија 19.10.2021 11:50
Трета доза „Фајзер“ досега примиле 1.197 граѓани
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509 се ревакцинирани, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.
-
Македонија 19.10.2021 11:17
ЕК со нов извештај за напредокот на земјава
Европската комисија со нов извештај за напредокот на земјава, кој ќе биде објавен попладнево. Позитивно се оценува зајакнувањето на демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата.
-
Македонија 19.10.2021 10:09
Владата ќе ја одржи 113-тата седница
Владата денес ќе ја одржи 113-тата редовна седница, соопшти владината прес- служба.
-
Македонија 19.10.2021 10:03
6.759 активни ковид- случаи во земјава
Во земјава има 6.759 активни ковид-случаи. Бројката на заразени од почетокот на пандемијата изнеусва 197.197.
-
Македонија 19.10.2021 09:40
Бочварски во Софија ќе потпише меморандум за доизградба на железничкиот Коридор 8
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе престојува во работна посета на Софија каде ќе го потпише трилатералниот меморандум меѓу Македонија, Бугарија и Албанија за доизградба на железничкиот Коридор 8.
-
Македонија 19.10.2021 09:35
Предлог за продолжување на концесиите за ловство
Концесионерите на дивеч на ловиштата кои пред први февруари 2021 година имаат склучено важечки договор за концесија на дивеч во ловиште, може во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон до Министерството за земјоделство, да поднесат барање за склучување на Анекс на договорот з
-
Македонија 19.10.2021 09:11
Извештајот за реформскиот напредок ќе биде објавен денеска
Европската комисија попладнево ќе ги презентира извештаите за напредокот на реформскиот процес во шесте земји од Западен Балкан.










