165 набљудувачи од 29 држави ја сочинуваат набљудувачката мисија на ОДИХР за локалните избори. Од нив 126 краткорочни набљудувачи се поделени во тимови по двајца и распоредени на територијата на земјава.
-
Македонија 17.10.2021 13:18
-
Македонија 17.10.2021 13:08
МВР: Изборниот процес се одвива мирно
Досега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.
-
Македонија 17.10.2021 12:53
Во Битола се гласа мирно и демократски, со мали технички проблеми
По истекот на првата половина од изборниов ден констатацијата за Битола е дека засега повејува демократскиот дух, но на 170-те избирачки места на кое правото на глас можат да го искористат 80.882 граѓани се јавуваат често проблеми главно од технички карактер.
-
Македонија 17.10.2021 12:26
Комисијата на ЈО ги следи нерегуларностите поврзани со изборниот процес
Комисијата на Обвинителството за следење на евентуални нерегуларности поврзани со спроведувањето на локалните избори во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес.
-
Македонија 17.10.2021 11:46
ДИК: Излезноста до 11 часот е 10,34 проценти
Последните информации на Државната изборна комисија покажуваат дека излезноста до 11 часот е 10,34 проценти.
На седмите локални избори право на глас имаат 1.824.864 гласачи, што е најмногу од сите локални избори досега. Гласачкото право до 11 часот го искористиле 175.058 избирачи.
-
Македонија 17.10.2021 10:45
ДИК: Гласањето тече непречено, помали потешкотии со ракување на уредите за отпечатоци
Од вкупно 1.824.864 избирачи, до 9:30 часот до ДИК пристигнале податоци од 1.325 избирачки места или 38,07 отсто.
-
Македонија 17.10.2021 10:29
Мирно и без поголеми проблеми се одвива гласањето на избирачките места во Штип
Во 80-те избирачки места во Општина Штип гласањето тече без поголеми проблеми. Претседателот на Општинската изборна комисија, Виктор Вацев вели дека од утринава имаат околу десеттина граѓани, на кои апаратите за отпечаток од прст не им ги препознаваат отпечатоците.
-
Македонија 17.10.2021 10:03
Во Битола почна изборниот процес
Општинската изборна комисија во Битола информира дека утрово почна изборниот процес во Битола без поголеми проблеми. Според единствениот избирачки список 80.882 граѓани имаат право на глас. Изборниот процес се реализира на 170 избирачки места во Општина Битола.
-
Македонија 17.10.2021 09:56
Гласањето во Охрид и Дебарца без поголеми проблеми
Изборниот процес на седмите локални избори од независноста на нашата држава во општина Охрид започна навреме,во демократска атмосфера и со мали проблеми. Во избирачкиот список се запишани 52.477 лица кои своето демократско право ќе можат да го остварат на 88 избирачки места.
-
Македонија 17.10.2021 09:44
ДИК ја активира бесплатната телефонска илинија 0800-555-444
Државната изборна комисија, и за овие избори ја активира бесплатната телефонска линија 0800- 555-444, на која граѓаните ќе можат да поставуваат прашања или да оставаат коментари. Пожелно е да бидат оставени и податоци за контакт, за да можат да се добијат одговори на поставените прашања.









