Во Клубот на пратеници во Скопје денеска ќе се одржи редовен годишен брифинг на Министерството за одбрана со одбранбените аташеи акредитирани во земјава.
-
Македонија 22.12.2025 09:57
-
Македонија 22.12.2025 09:36
Министерката Спиропали во официјална посета на нашата земја
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во нашата земја во прва официјална посета.
-
Македонија 22.12.2025 09:24
Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
-
Македонија 22.12.2025 09:08
Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии
Во Собранието денеска треба да заседаваат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комсиијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 22.12.2025 08:46
Почнува предизборната кампања за четирите општини
Стартува кампањата за повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Ќе трае до 9-ти јануари на полноќ, гласањето е на 11-ти јануари. Во трка се 5 партии и коалиции и еден независен.
-
Македонија 22.12.2025 08:35
Нов обид за избор на в.д. државен јавен обвинител
На седницата на Советот на јавни обвинители нов обид да биде назначен вршител на должност државен јавен обвинител. Во четвртокот беше одложена затоа што на состанокот не се појави еден од членовите. Изборот на в.д.
-
Македонија 22.12.2025 08:14
Магла на повеќе патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 м. на патните правци Тетово – Гостивар и Куманово – Страцин. Намалена видливост до 100 м на патниот правец Сарамзалино – Штип, информира АМСМ.
-
Македонија 22.12.2025 08:08
Променливо облачно со сончеви периоди, магла по котлините
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од – 4 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
-
Македонија 21.12.2025 19:54
Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка
Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка.
-
Македонија 21.12.2025 19:26
Се помалку домашно производство на зеленчук
Драги Памуков од Куклиш очекува берба од околу 30 тони зелка зимава. Нема можности за производство на домати, краставици во овој период оти пластениците не ги затоплува.










