Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски телефонски разговарал со шефот на државата Пендаровски и разговорот меѓу нив завршил со договор за средба в петок. Би разговарале за осудените за 27 април и за актуелната политичко-економска состојба. Ова го објави на брифинг првиот опозиционер.
-
Македонија 05.05.2021 18:32
-
Македонија 05.05.2021 18:12
Нов закон за контрола на имотот на функционерите
Идниот понеделник координативен состанок на работната група составена од меѓународни и домашни експерти за новиот предлог закон за потекло на имотот. Изготвена е и физибилити студија. Од Владата посочуваат дека со законот ќе се елиминираат злоупотребите, а законот ќе важи за сите граѓани.
-
Македонија 05.05.2021 17:09
Регистрирани 323 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
-
Македонија 05.05.2021 15:36
Четири затворски и една условна казна за „Двојник“
Вкупна затворска казна во времетраење од шест години и десет месеци одреди Судот на тројца и условна казна од шесет месеци на четвртиот вработен во МВР, за злоупотреба на службената положба, за случајот „Двојник“, за нелегално издавање пасоши на странски државјани.
-
Македонија 05.05.2021 15:35
Во ЕУ не по секоја цена
По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик не ни треба Европската Унија, истакна премиерот Заев. Додаде дека правото на самоопределување е чувство и не може да се договара за идентитетот и каков јазик да зборуваме.
-
Македонија 05.05.2021 15:27
Прилеп: Центарот за јавно здравје ќе тестира, градот чека отворање пункт
Во прилепскиот Центар за јавно здравје и официјално почнаа да се прават тестови за Ковид- 19. Нема да се чека на резултатите од Институтот во Скопје. Се опреми молекуларната лабараторија. Сесрдно помогнаа стопанствениците и ја донираа апаратурата. Целиот зафат е вреден 3,5 милиона денари.
-
Македонија 05.05.2021 15:10
Продолжи уривањето на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје
Како што беше најавено пред празниците од охридската локална самоуптрава , денеска продолжи уривањето на објекти кои што се наоѓаат на парцела 1-1 на Охридското Езеро.
-
Македонија 05.05.2021 14:55
Филипче тврди- одлуката за олабавување на мерките не е политичка
Одлуката за попуштање на рестриктивните мерки не е политичка, донесена е по претходна телефонска консултација со членовите на Комисијата за заштита од заразни болести, тврди министерот за здравство. Според Филипче, ден подоцна комисијата и официјално ја потврдила ваквата одлука.
-
Македонија 05.05.2021 14:53
В петок средба Пендаровски- Мицкоски
Претседателот Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ги затоплуваат политичките односи. Мицкоски, на негово барање, денеска остварил телефонски разговор со шефот на државата, брифираат од опозициската партија.
-
Македонија 05.05.2021 13:38
Браните преполни, но нема опасност од поплави
Куманово годинава ќе нема проблеми со водоснабдување, бидејќи капацитетот на браната Глажња, од кадешто градот добива вода, е целосно исполнет. Водата веќе се прелива преку браната и се слева во речното корито на Липковка.










