Здравствениот дом во Куманово е подготвен за имунизација на населението против коронавирусот. Оттаму информираат дека вакцинацијата во најголемата општина во државата, ќе се спроведува во еден пункт, во централната зграда.
-
Македонија 16.02.2021 14:52
-
Македонија 16.02.2021 14:47
Османи: Емоциите ќе се заменат со рационален пристап во дијалогот со Бугарија
Акцискиот план за побрзо спроведување на Договорот за добрососедство со Бугарија нема да опфаќа идентитетски прашања, туку ќе биде насочен кон соработка на ресорните министерства за подобрување на животот на граѓаните од двете страни на границата, објави шефот на дипломатијата Османи.
-
Македонија 16.02.2021 13:40
ИЈЗ: Се намалува бројот на починати од Ковид-19
Во периодот од 8 до 14 февруари се тестирани вкупно 16.299 материјали, а регистрирани сe 2.232 нови позитивни случаи од 33 градови во државата, што претставува зголемување од 5,3%, во однос на минатата недела, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.
-
Македонија 16.02.2021 12:54
Пожар во тетовско Жилче, загина 80- годишна жена
80- годишна жителка на тетовското село Жилче утринава загина во пожар кој избувна во нејзиниот дом. Со полесни повреди се здобиле нејзиниот син и снаа кои се обиделе да ја спасат, но било предоцна. Тетовските пожарникари спречија пламените јазици да не се прошират на соседните објекти.
-
Македонија 16.02.2021 12:44
Македонија во жолта алертна фаза, во Битола измерени -22 степени
Поради ниските температури, кои според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи ќе се задржат до сабота, Македонија влегува во жолта- алертна фаза.
-
Македонија 16.02.2021 12:10
Завршни зборови на обвинителството за случајот „Таргет-Тврдина“
Во скопскиот Кривичен суд, завршни зборови на обвинителството за случајот „Таргет-Тврдина“. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година, незаконски биле следени над 4.000 телефонски броеви, без судски наредби.
-
Македонија 16.02.2021 11:42
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 608 пациенти со Ковид-19
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 608 и има околу 452 празни болнички кревети во ковид центрите.
-
Македонија 16.02.2021 11:29
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 33 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 33 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 257 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
-
Македонија 16.02.2021 11:07
Затворен угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време
Вчера околу 21.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.М.(48) од тетовско Вешала, затоа што при контрола во неговиот угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово било констатирано дека работел по дозволеното време и во него биле затекнати седум лица – гости.
-
Македонија 16.02.2021 10:19
МВР: 178 санкционирани возачи во Скопје, 39 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.









