Во Македонија живеат над 94.000 лица со попреченост, потребна е поголема грижа, солидарност и човечност.
Филипче и СДСМ имале партиска и државна политика за населување мигранти во 2018, велат од ВМРО - ДПМНЕ и објавија документи. Лидерот на опозициската партија пак ја обвинува власта дека одбива да ја потпише резолуцијата бидејќи пред Велика Британија се обврзала да прифати мигранти.
Ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во која загинаа 63 лица, над 200 беа повредени. Во големата судницата во Идризово на обвинителна клупа 35 физички и три правни лица. Воведни излагања денеска имаат обвинетите од Министерството за економија и инспекторати.
43-годишниот скопјанец, кој порано се лекувал во Бардовци е човекот кој упаднал во редакцијата на „Инфомакс“, скршил две врати и ја попречувал емисијата што се емитувала во живо, со ексградоначалникот Стевчо Јакимовски. Мажот веднаш е уапсен.
До Собранието доставен е предлогот од Владата за разрешува на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Откако ќе биде констатирана од законодавниот дом ќе биде отворена нова постапка, на јавен оглас ќе се бира неговиот наследник.
На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетува
Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода Г.С.(43) од Скопје, веднаш по добиената пријава на 10.12.2025 во 23:45 часот од страна на А.М., водител на емисија на порталот Инфомакс, кој во СВР Скопје пријави дека во редакцијата на порталот, лоцирана на ул.
Денеска во судницата во Идризово треба ново судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На вчерашното судење, поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување во својата одбрана рекоа дека не можат да одговараат за објект што која тие биле на функција не постоел.
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.