До ноември во Македонија ќе починат 1.800 луѓе од коронавирус доколку продолжи олеснувањето на мерките- ова е едно од трите сценарија кое го подготвија експерите од Институтот за здравствени мерења и проценки од Универзитетот „Вашингтон“ во Сиетл.
-
Македонија 18.07.2020 16:53
-
Македонија 18.07.2020 16:34
Состојбата во струшката болница сѐ покомплицирана, расте бројот на болни од Ковид-19
Состојбата во струшката болница од ден во ден сѐ покомплицирана. Секојдневно расте бројот на болни од коронавирус, а интерното одделение е полно до последен кревет. Болни и суспектни се сместуваат и во дневната болница.
-
Македонија 18.07.2020 16:27
ВМРО-ДПМНЕ бара рачно пребројување, СДСМ не поднесува приговори до ДИК
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ бара рачно пребројување на гласовите. Приговорите до ДИК се однесуваат и на кампањата за која како што велат ја воделе од СДСМ за пречкртување на гласачките ливчиња за тоа да се претстави како повик на ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 18.07.2020 13:10
Тече рокот за поднесување приговори до ДИК
До 19 часот и 30 минути вечерва партиите и коалициите можат да поднесуваат приговори за сумирање и утврдувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори.
-
Македонија 18.07.2020 12:44
МЗ: Воведена нова иновативна терапија за лицата со хемофилија
Министерството за здравство информира дека од почетокот на оваа година за лицата со хемофилија е воведена иновативна биолошка терапија, која се администрира поткожно, еднаш неделно во домашни услови од самите лица, со што болните и чести венепункции стануваат минато за овие лица.
-
Македонија 17.07.2020 17:04
Поднесување приговори до ДИК
Откако Државната изборна комисија ги соопшти официјалните неконечни резултати од предвремените парламентарни избори, тече 48-часовниот рок за приговори за спроведувањето на изборите и за сумирањето на резултатите. Рокот за приговори за изборниот процес до 21 часот.
-
Македонија 17.07.2020 16:28
Нови 164 случаи со Ковид-19, пет починати, 74 оздравени
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-59, Куманово-12, Дебар-18, Штип- 17, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-6, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Свети Николе-23
-
Македонија 17.07.2020 15:06
Протоколите на охридските плажи делумно се почитуваат
Делумно се почитуваат протоколите на охридските плажи. Денеска посетивме неколку капалишта на брегот на Охридското Езеро. Повеќе гости имаше само на градските плажи, таму каде нема концесиоенри, нема редари, ниту лежалки. Граѓаните велат се совесни, држат дистанца од неколку метри.
-
Македонија 17.07.2020 15:00
Битола: Загриженост по појавата на новите кластери
По последниот кластер што се појави во еден од тексттилните капацитети и во еден ден донесе 11 новозаболени лица со Ковид- 19, битолчани со поголема посветеност ги чекаат билтенот со инфицирани за последните 24 часа. Велат дека досегашната опуштеност поради ниската стапка веќе е нарушена.
-
Македонија 17.07.2020 14:49
ЕК очекува силен парламент и стабилна коалиција
Европската комисија очекува силен парламент и стабилна коалиција кои треба да испорачаат резултатите во однос на стратешката цел на земјата, исполнување на обврските кон ЕУ, и забрзување на реформите.








