Во текот на изминатото деноноќие издадени се решенија за изолација на 860 лица, а 199 лица потпишале изјави за самоизолација на територијата на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 16.06.2020 10:08
-
Македонија 16.06.2020 10:05
Филипче: Партиите без исклучок да ги почитуваат сите протоколи и мерки во кампањата
По објавениот датум за избори, министерот за здравство Венко Филипче упатува апел до сите политички чинители за спроведување на целиот изборен процес без загрозување на здравјето на граѓаните.
-
Македонија 16.06.2020 10:02
Кампањата почнува на 24 јуни, ќе се гласа три дена, на изборниот ден гласањето ќе трае од 7 до 21 часот
Владата на Република Северна Македонија, на 68-мата седница одржана вчера, ја донесе Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година.
-
Македонија 15.06.2020 22:49
Пендаровски донесе нова одлука за вонредна состојба во времетраење од осум дена
Претседателот Стево Пендаровски вечерва донесе нова одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба на територијата на целата држава, соопштија од претседателскиот кабинет.
-
Македонија 15.06.2020 21:53
Предлог од Владата за вонредна состојба до 22 јуни за спроведување на изборите
Владата на Република Северна Македонија на вечерашната 67-ма седница донесе заклучок да поднесе предлог до претседателот на државата Стево Пендаровски, врз основа на членот 125 од Уставот да утврди постоење на вонредна состојба за период од 8 дена, почнувајќи од денеска, 15 јуни, до 22 јуни.
-
Македонија 15.06.2020 16:04
Ковид-19: Расте бројот на заболени, здравствениот систем се мобилизира
Со коронавирус заразени се уште 103 граѓани. Најголем дел од нив се од Скопје, 46 случаи. Петмина починале- ова е статистиката за изминатото деноноќие.
-
Македонија 15.06.2020 15:51
Избори на 15-ти јули, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се договорија
Главните политички ривали се договорија- СДСМ го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за 15-ти јули како изборен ден. Лидерот Заев рече дека партијата направила отстапка. Објасни дека среда ќе биде неработен ден и со продолжен термин на гласање.
-
Македонија 15.06.2020 15:37
Коронавирусот се прошири во уште една текстилна компанија и кај вработени во градинките во Штип
Во очекување на резултатите од првите контролни тестови од заболените во првата текстилна компанија каде се прошири коронавирусот во Штип и на целосните резултати од скринингот на вработените во детските градинки, Центарот за јавно здравје ја нема комплетната слика за актуелната инфективна состој
-
Македонија 15.06.2020 15:36
Куманово: Екипа на МТВ на терен заедно со полицијата
Речиси два месеца кумановци не смеат да излезат од дома без да носат заштитна маска. Според надлежните таа е клучна во справувањето со коронавирусот.
-
Македонија 15.06.2020 15:31
Српски туристи чекаат за влез во Грција
Недоразбирање или слаба информација од страна на грчките власти, околу официјалното отворање на границите и влез во Грција.






