„Впишувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ“, ова го изјавил бугарскиот претседател Радев на средбата со македонските Бугари од неколку организации од Битола, Охрид, Скопје, Прилеп, Кавадарци и Кочани.
-
Македонија 05.12.2025 13:46
-
Македонија 05.12.2025 13:24
Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија
По добиеното мислење, Предлог Законот за Судски совет ќе се поднесе во собраниска процедура.
Станува збор за конструктивен и содржаен документ кој доби позитивно мислење и од Венецијанската комисија.
Клучни новини кои се предвидени со Законот:
-
Македонија 05.12.2025 13:21
Министерски совет на Транспортната заедница во Брисел
Вицепремиерот Николоски во Брисел учествува на Министерскиот совет на европската Транспортна заедница. На маса, напредокот на земјите од Западен Балкан во реализацијата на инфраструктурните проекти.
Од Брисел за Дневникот на Македонската телевизија известува, Стојан Трпчевски.
-
Македонија 05.12.2025 12:53
Филипче ја повика Ковеши во Македонија
Претседателот на СДСМ, Филипче ја повика главната европска обвинителка, Лаура Ковеши да ја посети Македонија за да ги истражи сомнежите за малверзации со европски средства од ИПАРД програмата. Филипче рече оти е загрозен износ од 130 милиони евра.
-
Македонија 05.12.2025 12:39
Кривична пријава против директорка на средно училиште во Делчево за „фасификување исправа“
СВР Штип – ОВР Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Д.Ц.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
-
Македонија 05.12.2025 11:24
Муцунски на состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“ во Виена
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на состанокот на групата „Пријатели на Западен Балкан“, одржан во Виена на покана на австриската министерка за европска и меѓународна политика, Беате Мајнл-Рајзингер.
-
Македонија 05.12.2025 11:12
Драмски со претставата „Чудесна терапија“ утре гостува во Гевгелија
Драмски театар утре, на 6 декември, во 19 часот на сцената на Народниот театар во Гевгелија ќе ја игра претставата „Чудесна терапија“. Гостувањето се реализира во рамките на програмата на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025“.
-
Македонија 05.12.2025 09:21
Скопјани по две години повторно со субвенции за инвертер клими
По две години, жителите на Скопје повторно ќе добијат финансиска помош за инвертер клима уреди, откако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа ги завери решенијата за исплата на субвенциите, согласно Јавниот оглас на кој конкурираа граѓаните на Град Скопје.
-
Македонија 05.12.2025 08:56
Намалена видливост поради магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, соопштуваат од ЈП „Македонија пат“.
-
Македонија 05.12.2025 08:42
Одбележување на Светскиот ден на волонтерството
По повод Светскиот ден на волонтерството повеќе пратеници, вклучувајќи го и претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска ќе се приклучат и ќе волонтираат на неколку пунктови на Црвениот крст на РСМ.










