На Попова Шапка има 20 сантимери снег, а во Маврово седум. На други места нема позначителна снежна покривка, соопшти УХМР.
Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Крива Паланка четири литри на метар квадратен и во Струмица два.
На Попова Шапка има 20 сантимери снег, а во Маврово седум. На други места нема позначителна снежна покривка, соопшти УХМР.
Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Крива Паланка четири литри на метар квадратен и во Струмица два.
ВМРО-ДПМНЕ едногласно ги утврди предлозите за носители и за пратеници во шесте изборни единици. Според лидерот Мицкоски, 95 насто од предложените припаѓаат на генерацииите политичари кои доаѓаат и кои треба да работат на обновата на Mакедонија.
Несовесноста на жителите од крајезерските населби исплива на виделина.
Корона вирусиот ги затвори градинките и училиштата. Владата донесе одлука наставата да се прекине за 14 дена и доколку е потребно мерката да биде продолжена.
Во домашна изолација се испратени децата чии што родители биле на симпозиум со директорката на кожната клиника, заразена со коронавирус. Во изолација се и двајца ученици од училиштето „Братство“ од скопски Карпош, каде што докторка од дерматологија одржала предавање.
Постојат елементи за успех на проширувањето доколку се донесе одлука за почеток на преговорите. По извештајот за напредокот и новата методологија, постои можност за пробив, изјави шефот на дипломатијата Димитров и копретседавач со Берлинскиот процес.
Во следните две недели сите образовни институции и детските градинки нема да работат, реши Владата, по препораките на Комисијата за заразни болести. Се забрануваат масовни собири на отворено и затворено, и публика на спортските натпревари.
Во процесот на заштита на земјоделските култури да се земе предвид улогата на полинаторите, апелираат странските експерти. Македонија е богата со диверзитет во земјоделството и тоа е важно за пристапувањето кон ЕУ.
Лекарската комора може само јавно да ја опомене директорката од Клиниката за кожни болести позитивна на Ковид-19, но не и да ѝ ја одземе лиценцата. Оттаму велат дека постојат судски инстанци.
„Имав контакти и разговори со повеќе министри, но не се сеќавам што конкретно сме разговарале“, посочи Блерим Беџети, поранешниот министер за правда при сведочењето за „Монструм“. Рече дека остварил средба со семејствата на обвинетите кои од него побарале транспарентен судски процес.