ВМРО-ДПМНЕ бара денеска спикерот Џафери да закаже седница за распуштање на Собранието, според постигнатиот договор кај Претседателот Пендаровски за предвремени избори на 12-ти април. Предлог-одлуката партијата ја достави на 5-ти февруари.
-
Македонија 12.02.2020 15:13
-
Македонија 12.02.2020 15:09
Помина предлогот за Закон за јавно обвинителство, следува пленарна седница
Предлог- законот за јавно обвинителство помина на Комисијата за европски прашања. Пратеникот од ВМРО- ДПМНЕ Милошоски на говорницата објави аудиоснимка и транскрипт од разговор, за која рече дека е гласот на З.З.
-
Македонија 12.02.2020 15:06
Спасовски побара од Собранието да ја разреши министерката Мизрахи
До Собранието стигна предлогот на премиерот со која бара народните избраници да ја разрешат техничката министерка за труд и социјала Мизрахи. За непочитување на Уставот и законот, нема компромиси- вели Спасовски.
-
Македонија 12.02.2020 14:50
Османи и Димитров утре во работна посета на Париз
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, утре ќе престојуваат во работна посета на Париз.
-
Македонија 12.02.2020 14:22
Шекеринска ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел
Денеска и утре во седиштето на НАТО во Брисел, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет, заедно со министрите за одбрана на земјите – членки на Алијансата, соопштуваат од Министерството за одбрана.
-
Македонија 12.02.2020 14:05
Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор
Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.
-
Македонија 12.02.2020 13:24
СДСМ: Законот за јавно обвинителство гарантира неселективна правда
Законот за јавното обвинителство кој веќе е во собраниска процедура гарантира независно и професионално јавно обвинителство и е темел на силна правна држава, гарантира неселективна правда- велат од СДСМ.
-
Македонија 12.02.2020 13:15
Предлог- законот за јавно обвинителство помина на Комисијата за европски прашања
Во Комисијата за европски прашања заврши расправата по Предлог- законот за јавно обвинителство. Оди на пленарна седница. За усвојување е потребно двотретинско мнозинство.
-
Македонија 12.02.2020 13:04
ВМРО-ДПМНЕ: Џафери да закаже седница за распуштање на Собранието
ВМРО-ДПМНЕ бара спикерот Џафери денеска да закаже седница за распуштање на Собранието. Пратеничката група поднесе предлог- одлука на 5-ти февруари. СДСМ и Заев поставуваат нови услови што не се поврзани со одржувањето на изборите- велат од партијата.
-
Македонија 12.02.2020 12:44
Шекеринска: Иднината на нашата татковина е обезбедена, заедно со нејзиниот суверенитет и интегритет
Една година по потпишувањето на Пристапниот протокол за членство во НАТО, 28 сојузници веќе го ратификуваа документот. По ратификацијата на протоколот и во Собранието, наскоро земјава ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО, истакна министерката за одбрана Шекеринска.




