Божик е радосен ден за љубовта, надежта, на разбрањето. Така го доживуваат и околу 500 деца од повеќе градови од земјава, од повеќе целни групи и од сите верски заедници на традициоалната заедничка божикна трпеза. Пораките се искрени и аманет и за возрасните.
-
Македонија 08.01.2020 10:11
-
Македонија 08.01.2020 09:56
Политичарите со пораки за среќа и разбирање
После подолг период, политичките лидери без препукувања едни со други, со желби за среќа, просперитет, како на семејствата така и на државата. Политичарите на Божик со пораки по завршените црковни литургии.
-
Македонија 08.01.2020 09:39
Православните христијани слават втор ден Божик
Православните христијани денеска го слават втор ден Божик или Собор на Пресвета Богородица. Верниците и црквата и оддаваат слава на пресветата божја мајка, а празнувањето се нарекува нејзин собор, затоа што на тој ден се собираат сите верници за да ја прослават неа- која е Богородица.
-
Македонија 03.01.2020 14:37
Ратификација на протоколот за НАТО во собраниска процедура
Предлог- законот за ратификација на пристапниот протокол за НАТО е во собраниска процедура.
-
Македонија 03.01.2020 14:30
Претседателот Пендаровски му го врачи мандатот на Спасовски за формирање на преодната Влада
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот за формирање преодна влада на Оливер Спасовски, откако на седница на Собранието беше констатирана оставката на премиерот Зоран Заев.
-
Македонија 03.01.2020 13:13
Констатирана оставката на премиерот Заев
Во Собранието констатирана оставката на премиерот Заев. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ постигнаа договор. За ресорот МВР, опозициската партија го предложи екс- разузнавачот Наќе Чулев.
-
Македонија 03.01.2020 12:56
Продолжи судењето за „Рекет“, исказ даде Елизабета Јосифовска- заменичката на Јанева
На 2-ри мај 2019-та го потпишав позитивното мислење за враќање на пасошот на Јордан Камчев, обвинет во предметот на Специјалното јавно обвинителство, „Империја“, по налог на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, сведочеше поранешната специјална обвинителка Елизабета Јосифовска.
-
Македонија 03.01.2020 12:43
„Рекет 2“: Поднесен Обвинителен акт против пет физички и едно правно лице
Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до скопскиот Кривичен суд достави обвинителен акт против пет физички и едно правно лице.
-
Македонија 03.01.2020 11:50
ДКСК: Институциите да ги почитуваат забраните утврдени во Изборниот законик и Законот за спречување корупција
Антикорупциската комисија со повик до институциите да ги почитуваат забраните утврдени во Изборниот законик и со Законот за спречување корупција.
-
Македонија 03.01.2020 11:19
Поднесено обвинение против дилерка на наркотична дрога
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, жителка на Кавадарци со престојувалиште во Скопје, која е обвинета дека сторила кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.





