Извршителите ги затворија канцелариите на еден ден. Револтирани се од предложениот тарифник на Министерството за правда, со кој се предвидува, наградата да им се намали од 1.000 на 300 евра. Од Комората велат дека се неприфатливи предлозите на ресорот.
-
Македонија 26.12.2019 15:33
-
Македонија 26.12.2019 14:58
Надлежните со апел за подигнување на сообраќајната култура
Во годината во која се случија несреќи со многу жртви, надлежните со апел за подигнување на сообраќајната култура. И покрај низата кампањи, учесниците честопати не ги почитуваат правилата, па во речиси 90 проценти од случаите, се работи за човечка вина.
-
Македонија 26.12.2019 14:52
Власта и опозицијата се договориле за деблокада на 40 закони, но не и за клучните
Власта и опозицијата постигнале договор за изгласување 40- ина закони, но не и за клучните, како што е Изборниот законик за кој се поднесени илјадници амандмани или Законот за одбрана.
-
Македонија 26.12.2019 14:23
Протест на административно- техничкиот персонал во здравството
„Го повикуваме министерот Филипче - дела, а не само зборови“- рече Александар Трајчевски- член на Координативното тело на здравствената администрација.
-
Македонија 26.12.2019 14:15
Пратенички прашања во Собранието, изборите во фокус
Дали прифаќате кандидат мандатар, со услов- поразениот на избори да си замине од политиката, го праша координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски премиерот Заев. Од опозициската партија сметаат дека власта нарачува анкети и вештачки го билда рејтингот пред изборите.
-
Македонија 26.12.2019 13:11
Нов протест за чист воздух
Предновогодишен протест на иницијативата „Петоци за иднина“, последен за оваа година.
-
Македонија 26.12.2019 13:07
Извршителите протестираат, незадоволни се од новиот тарифник
Извршителите ги затворија канцелариите во знак на револт. Незадоволни се од новиот тарифник кој им го предложила министерката за правда Дескоска. Со него се предвидува максималната награда за извршителот да се намали од 1.000 на 300 евра.
-
Македонија 26.12.2019 13:01
Викендов лидерска средба за техничката влада
Викендов лидерите на најголемите политички партии ќе се договараат за техничката влада. В сабота во Владата ќе се сретнат Заев и Мицкоски, за попладнето се најавени и разговори меѓу Мицкоски и Ахмети.
-
Македонија 26.12.2019 12:45
Џафери: Додека не се формира техничка влада, изборите може да се одлагаат
Новата техничка влада треба да биде избрана најдоцна до 3-ти јануари на полноќ. Собранискиот спикер Џафери ги објаснува процедурите- шефот на Владата, Заев треба да си поднесе оставка, да биде избран нов технички премиер, министри и дополнителни заменици- министри.
-
Македонија 26.12.2019 12:34
Приведен разбојник во Неготино, парите вратени на сопствениците
Претпладнево околу 10.30 часот на ул.„Индустриска“ во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода П.Ц.(24) од Неготино поради тоа што околу 08.00 часот со закана со остар предмет од вработени во казино во Неготино одзел пари и побегнал.


