Претседателот Пендаровски денеска ќе се обрати пред пратениците во Собранието. Ова ќе биде прво годишно обраќање во законодавниот дом на Пендаровски од стапувањето на должност во мај годинава.
-
Македонија 18.12.2019 10:15
-
Македонија 17.12.2019 18:02
Премиерот Заев во Чешка, поддршка за интеграциите
Целосна поддршка за нашето членство во Европската унија и во НАТО, заложба за интензивирање на економските и на трговските односи. Ова е епилогот по средбата меѓу македонскиот и чешкиот премиер, Заев и Бабиш во Прага.
-
Македонија 17.12.2019 15:21
Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ не ги повлекува поднесените амандмани
ВМРО-ДПМНЕ не ги повлекува поднесените амандмани на Изборниот законик. Координаторот на пратеничката група Мицевски вели дека не се создадени деловнички услови утре за да се оддржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
-
Македонија 17.12.2019 15:05
Утре започнува амандманската расправа за предлог измените на Изборниот законик
Утре на Комисијата за политички систем амандманска расправа на предлог измените на Изборниот законик. Собраниските служби сѐ уште работат на архивирање на илјадниците амандмани. Намерата е јасна- блокирање на законот, вели претседателот на комисијата Кирацовски.
-
Македонија 17.12.2019 14:37
Прилеп: Се приготвуваат посните сарми за „Свети Никола“
Педесет и пет прилепчанки од четири здруженија ги приготвија надалеку познатите мали посни сарми за организираната прослава, по 14-ти пат, на градскиот патрон - Свети Никола. Тоа е голема традиција која останува да се негува, велат и возрасните и младите што два дена ги виткаа сармите.
-
Македонија 17.12.2019 14:29
Ќе се проширува Охридскиот аеродром
Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ дава сѐ поголем придонес за развојот на туризмот и враќање на Охрид на светските туристички мапи. Минатиот викенд беше достигната важна пресвртница во работењето на аеродромот, кога за прв пат бројот на патници ја надмина бројката од 300 илјади.
-
Македонија 17.12.2019 14:21
Ременски даде исказ пред Рускоска, очекува да биде повлечено обвинението
Фросина Ременски очекува Јавното обвинителство да ја запре постапката против неа во случајот „Рекет 2“, како дел од раководството на „Меѓународен сојуз“ на Боки 13. Ова го изјави откако даде исказ пред обвинителката Рускоска.
-
Македонија 17.12.2019 14:07
Институциите се поревносни против корупцијата
Во последните две години до МВР стигнале двојно повеќе преставки за полицајците, споредено со претходните години, тврди шефот на внатрешната контрола, Андонов. Најмногу од нив се однесувале на сообраќајната и на граничната полиција.
-
Македонија 17.12.2019 13:32
Извештај за човековиот развој 2019: Северна Македонија на 82 место
Северна Македонија е на 82-то место во најновиот извештај на УНДП за човековиот развој во 2019-та. Нееднаквоста во приходите, можностите за образование, здравство, вработување, пристапот кон правосудството и родовата нееднаквост, ја ставија земјава зад речиси сите држави во регионот.
-
Македонија 17.12.2019 12:58
Ременски: Очекувам да биде запрена постапката кон мене
Откако два дена вршеше увид во доказите, потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски, даде исказ пред обвинителката Рускоска за случајот „Рекет 2“. Очекува да биде повлечено обвинението против неа.




