Со презентација на материјални докази во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи рочиштето за предметот „Титаник“, што се однесува на изборни нерегуларности.
-
Македонија 21.12.2018 11:17
-
Македонија 21.12.2018 11:07
Ранет економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља
Повреден економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља, по истрелите кои вчера се случија во скопско Топанско поле, општина Чаир. Повредата била во пределот на десната потколеница. Повредениот Беља е згрижен во градската болница „Свети Наум Охридски“.
-
Македонија 21.12.2018 10:30
Продолжува судењето за 27-ми април
Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за настаните од 27-ми април минатата година во Собранието на Република Македонија. На денешното рочиште треба да бидат изнесени дополнителните докази на одбраната на Митко Чавков, Душко Лазаров и Крсто Мукоски.
-
Македонија 21.12.2018 10:22
На Шапка снежна покривка од 21 см, најстудено во Тетово
Највисока снежна покривка измерена утрово од 21 сантиметар има на Попова Шапка, следат Маврови Анови со девет см, три во Крива Паланка и два см во Крушево.
-
Македонија 20.12.2018 16:29
Проверка на вакцинацијата поради епидемијата на морбили
Ќе се проверуваат вакциналните картони на сите деца во земјава, откако здравствените власти прогласија епидемија на морбили во Радишани. Експертите предупредуваат- станува збор за заболување кое може да предизвика сериозни компликации по здравјето.
-
Македонија 20.12.2018 15:53
Уставниот закон за спроведување на амандманите на дневен ред во матичната комисија
Согласно со спогодбата од Преспа, документот веднаш да се ратификува во грчкиот парламент, во спротивно уставните измени да не се имплементираат, предложи независната пратеничка Канческа- Милевска.
-
Македонија 20.12.2018 15:15
Дескоска: Скандалозна одлука на Судскиот совет
Скандалозна и противзаконска е одлуката на членовите на Судскиот совет самите да си доделат додатоци на плата и тоа да важи ретроактивно за неколку месеци, оцени министерката Дескоска. Вели дека законски основ за тоа имаат само судиите.
-
Македонија 20.12.2018 14:49
Рускоска: Не сум задоволна од Законот за амнестија, преквалификација на делото нема да има
Алијансата на Албанците покренува постапка за оценка на уставноста на Законот за амнестија. Од партијата велат, решението е селективно, не се согласуваме со него дури и по цена интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ, каде се бараат други вредности, велат од Алијансата.
-
Македонија 20.12.2018 14:37
Спасовски најави зајкнување на борбата против корупцијата
Убеден сум дека нашите напори ќе ја постигнат вистинската цел – испорачување на конкретни резултати во борбата против организираниот криминал, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на дебатата за Европската унија.
-
Македонија 20.12.2018 14:26
Калајџиев: Политиката се меша во судството, тоа го потврдува Законот за амнестија
Политиката сѐ уште се меша во судството, тоа го потврдува Законот за амнестија, смета универзитетскиот професор Калајџиев. Тврди дека не сретнал амнестија каде се постапува врз основа на Закон што го донел Собранието по мислење на обвинител, со решение на суд и по барање на обвинетите.










