СВР Охрид поднесе известување до Основното јавно обвинителство Охрид за 16- годишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, како и за 14- годишник од Охрид за сторено кривично дело „уцена“.
-
Македонија 26.11.2025 14:09
-
Македонија 26.11.2025 13:44
Национална стратегија за соработка со дијаспората
Партнерство, а не протокол. Македонија ги продлабочува врските со нашинците преку границите. Изготвена е националната стратегија за соработка со дијаспората што го опфаќа периодот до 2030-та година.
Викторија Милевска известува.
-
Македонија 26.11.2025 13:38
Иднината на медијацијата, трендови и предизвици
Министерството за правда крчка измени на Законот за медијација со кој оваа алатка за вонсудско решавање на споровите ќе ги растовари судовите од илјадници заостанати предмети. Идејата е да се применува во бракоразводни парници, во споровите поврзани со животната средина, здравствената заштита. -
Македонија 26.11.2025 13:32
Стратешки предизвици на НАТО и ЕУ
Единство, координација, долгорочна стратешка усогласеност со партнерите – ова е приоритет за справување со предизвиците во глобалниот мултиполарен поредок. Заклучок од Конференцијата во Министерството за надворешни работи.
Известува Марина Стојанова – Тонева.
-
Македонија 26.11.2025 13:19
Инспектори на терен, труење во училиште
Инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, од Институтот за јавно здравје и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат се во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопски Карпош. Проверуваат информација за наводно труење на деца.
-
Македонија 26.11.2025 13:18
Пополнување на испразнетите ресори во Владата
До крајот на неделава или најдоцна во почетокот на идната, премиерот Мицкоски до Собранието ќе ги достави персоналните решенија за испразнетите места во Владата. Од коалицискиот партнер „Вреди“ ги доставиле предлозите. Дали ќе се задржат истите позиции или ќе има ресорски промени? -
Македонија 26.11.2025 11:52
Пленарна конференција на Националната конвенција за ЕУ
Во Собранието денеска ќе се одржи 8-та Пленарна конференција на Националната конвенција за Европската Унија (НКЕУ-МК) под мотото „Реформи од другата страна на реториката: Регионални предизвици на патот кон Европската Унија“.
-
Македонија 26.11.2025 11:01
Во финална фаза процесот за избор на судија кој ќе ја претставува Македонија во Европскиот суд за човекови права
Во финална фаза процесот за избор на четвртиот по ред судија кој ќе ја претставува Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. По интервјуто на 11-те кандидати пред комисијата и пред независни експерти, шанса да ја продолжат постапката само за тројца.
-
Македонија 26.11.2025 09:17
Собраниска делегација на 24. Состанок на МПК – РСМ и ЕУ во Стразбур
Во Европскиот парламент во Стразбур, Франција, денеска и утре ќе се одржи редовниот 24. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Северна Македонија и Европска Унија, односно Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација.
-
Македонија 26.11.2025 08:59
Муцунски денеска ќе има обраќање на јавна расправа за планот за дијаспората
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Владата ќе се обрати на јавната дебата по Предлог-текстот на „Националната стратегија за соработка со дијаспората 2025 – 2030“, организирана од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.









