На 23.11.2025 во 23:00 часот во с.Ратавица, пробиштипско, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода Н.В.(20) од с.Ратавица.
-
Македонија 24.11.2025 14:27
-
Македонија 24.11.2025 13:56
Утврдена дискриминација во струшката болница, жена психолог останала без работа и без рожба
И без рожба и без работа, остана жена психолог од струшка болница чиј грев бил што на свет треба да донесе дете, па решиле да не и го продолжат договорот за работа што ѝ бил на определно време.
-
Македонија 24.11.2025 13:33
Нов ресурсен центар за поефикасни општини
Промовиран ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините. На локалните самоуправи ќе им овозможи, на едно место да добиваат помош – од административен менаџмент до планирање, подготовка на документација и поднесување проекти.
Александра Велинова е на терен.
-
Македонија 24.11.2025 13:29
Подготовка на новата стратегија за образование
Претставена верзијата на новата Нацрт – стратегија за образованието. Го опфаќа периодот до 2032-ра година. Документот се подготвуваше половина година и е ставен на јавна расправа.
Известува Викторија Милевска
-
Македонија 24.11.2025 13:20
Расте евроскептицизмот кај младите
Застојот во евроинтеграциите го јакне евроскептицизмот во Македонија. Младите се помалку се загреани за членството на земјава во Унијата, и сметаат дека тоа полека станува недостижна цел. За тоа, како да се справиме со ваквиот тренд, одговори се бараа во Собранието.
-
Македонија 24.11.2025 13:14
Неделава пополнување на испразнетите места во Владата
Неделава конечно треба да бидат познати имињата на новите членови на Владата, кои ќе ги пополнат испразнетите места по заминувањето на Изет Меџити од централната во локалната власт. Едното е во Министерството за животна средина, другото е вицепремиерската позиција.
-
Македонија 24.11.2025 13:10
Даночните инспектори остануваат во куќен притвор
Кочанскиот суд ги одби жалбите на Обвинителството. Останува куќниот притвор за даночните инспектори, осомничени дека земале поткуп и му давале информации на синот на газдата на „Пулс“ за ненајавените контроли.
-
Македонија 24.11.2025 12:58
Во Битола полни амбуланти, празни училишта и градинки
Променливото и релативно топло време ги полни амбулантите на матичните лекари, а за сметка на тоа се празнат училишните клупи и градинките. Во ординацијата на докторот Ели Димовска дневно има околу 100-тина прегледи.
-
Македонија 24.11.2025 12:22
Судот во Стразбур ги потврди повредите на правично судење против Јанкулоска
Европскиот суд за човекови права отвори предмет, поврзан со повредите на правото на правично судење во предметот „Тенк“ што се водеше против екс-министерката, Гордана Јанкулоска, за набавката на блиндираното возило за МВР.
-
Македонија 24.11.2025 11:34
Зголемено нивото на повеќе реки во земјава
Зголемено ниво на водата денеска има реката Вардар, особено кај Јегуновце и кај Демир Капија. Исто така, реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Сатеска кај Ботун покажуваат пораст на нивото на водата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.










