Утре во Македонија се очекува променливо облачно и ветровито време. Во попладневните часови ќе има услови за локални врнежи од дожд кои што на места особено во западните подрачја ќе имаат пороен карактер и услови за појава на грмежи.
-
Македонија 29.10.2018 13:41
-
Македонија 29.10.2018 13:30
Вакцинација против грип од првата недела на ноември
Вакцинацијата против грип ќе почне првата недела од ноември. Ќе се спроведува во Центрите за јавно здравје. Годинава првпат вакцинацијата ќе биде бесплатна за лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија.
-
Македонија 29.10.2018 13:27
Нема повредени припадници на АРМ во запалениот автобус
Автобус со припадници на АРМ кој сообраќал на пат од Пробиштип до касарната „Илинден“ во Скопје се запалил, но нема повредени. Инцидентот се случи во 6 часот и 10 минути на излезот од Пробиштип. Веднаш штом се почувствувал чад, припадниците на АРМ го напуштиле автобусот.
-
Македонија 29.10.2018 13:23
Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април
Во кривичниот суд продлжи судењето за 27-ми април. Се разгледуваат снимките од собраниските простории, од камерата поставена во холот кој води до прес- центраот. Обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.
-
Македонија 29.10.2018 13:15
Формирана нова пратеничка група
На редовната координативна средба, престедателот на Собранието, Џафери ги информирал координаторите на пратеничките групи и потпретседателите на Собранието дека е формирана нова независна пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со осумтемина пратеници кои гласаа „за“
-
Македонија 29.10.2018 13:13
Почна расправата за ребалансот на државната каса
Во матичната Комисија за финансирање и буџет почна расправата за ребалансот на буџетот за тековната година.
-
Македонија 29.10.2018 12:44
Сушата проблем за земјоделците
Последните дождови не ја подобрија состојбата со есенската сеидба.
-
Македонија 25.10.2018 16:15
Џафери: Иницијаторите за формирање на телото за помирување конкретно да ја објаснат оваа идеја
Претседателот на Собранието, Џафери го очекува првиот потег од осумтемина пратеници од опозицијата за телото за помирување. Вели дека на последната координација било договорено основата да биде и Кодексот на однесување во законодавниот дом.
-
Македонија 25.10.2018 16:05
Метео: Студени утра, дневните температури во пораст
Утре и за време на викендот во Македонија се очекува сончево стабилно и потопло време со умерен повремено засилен ветер од јужен правец. Утрата ќе бидат постудени, а дневните теператури ќе бележат постепен пораст.
-
Македонија 25.10.2018 14:52
Иванов: Договорот од Преспа го негира самоопределувањето
Пред еден милениум Самоиловата држава се соочувала со слични предизвици како и современата македонска држава- Република Mакедонија. Тие предизвици се негирање, непризнавање, обиди за блокада, изолација и погрешно именување.










