Судскиот совет го одложи изборот за претседател на скопска Апелација. По барање на членот Самарџиовски, беше одлучено да се изврши вонредно оценување на кандидатите.
-
Македонија 14.03.2018 16:18
-
Македонија 14.03.2018 16:02
Законот за јазиците во Собрание, Џафери ја прескокна точката
Пред почетокот на пленарката, Заев, Ахмети и Мицкоски на одвоени кординации со своите пратенички групи. Во салата пак, тензично и меѓусебно надмудрување меѓу собранискиот спикер Џафери и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 14.03.2018 15:55
Протест пред Собранието поради Законот за јазици
Протест против Предлог- законот за јазиците пред Законодавиот дом. Граѓани ја блокираа улицата пред Собранието. Рекоа дека се собрани за да го изразат својот револт против предложеното решение.
-
Македонија 14.03.2018 15:52
Зимбаков: Нема застој на Одделот за интервентна кардиологија
Одделот за интервентна кардиологија функционира тековно и нема застој, се третираат и најтешките случаи. Не е загрозена безбедноста на пациентите. Ова го изјави доктор Жан Зимбаков, директор на Клиниката за кардиологија, кој ги осуди обвинувањата на поранешниот директор доктор Сашко Кедев.
-
Македонија 14.03.2018 14:44
Договорот за „Казандол“ пред раскинување
Пробиени рокови, многубројни неправилности при изградбата на рудникот за бакар „Казандол“, утврдила работната група формирана од Владата. Портпаролот Бошњаковски потврди дека договорот е пред раскинување. Финалниот збор ќе го има Министерството за економија. Одлука ќе се донесе за една недела.
-
Македонија 14.03.2018 14:35
Метео: Сончево време со умерена облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Во Скопје температурата ќе достигне до 18, а максималната на југоисток до 22 степена.
-
Македонија 14.03.2018 14:27
Бејли: Македонија и Грција да дојдат до заедничко решение
САД поддржуваат решение за името меѓу двата американски сојузници Македонија и Грција, изјави амбасадорот Џес Бејли. Официјален Вашингтон останува партнер на земјава.
-
Македонија 14.03.2018 14:15
Собрание: Џафери ја прескокна точката за Законот за јазиците
Претседателот на Собранието, Џафери ја прескокна точката за Законот за употреба на јазиците со која требаше да продолжи денешната 32-ра седница. Наместо тоа, седницата продлжи со гласање по други точки од дневниот ред.
-
Македонија 14.03.2018 13:55
Почна седницата за Законот за јазиците
Во Собранието на Република Македонија попладнево почна 32-та седница на која треба да се расправа за Законот за употреба на јазиците, во трето читање.
На седницата присуствуваат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои имаат поднесено над 35.000 амандмани на Законот.
-
Македонија 14.03.2018 13:13
Димчевска избрана за в.д. претседател на скопска Апелација
Лидија Димчевска е избрана за вршител должност- претседателка на скопскиот Апелациски суд. Судскиот совет денеска со 13 гласа „за“ и еден „против“ ја избра сѐ до новиот избор на претседател на овој второстепен суд.










