За пет донирани споменици, меѓу кои и на Андон Ќосето, била поведена судска постапка, затоа што градот добил допис од „Рудници и железарница- институти“, кои ги лиела, дека спомениците не биле платени од здружението донатор- изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
-
Македонија 28.02.2018 15:00
-
Македонија 28.02.2018 14:48
Светски ден на ретките болести: Подобар третман за заболените и финансиска поддршка
Ивана Атанасоска е студент кој наскоро очекува да дипломира. Има ретко заболување- цистична фиброза и е една од четворицата заболени прилепчани, меѓу кои се две деца. Вели генетско е, потребна е перманентна терапија, прима редовно многу лекови. Но, не се чувствува поинаква од сите луѓе.
-
Македонија 28.02.2018 14:17
Бошњаковски: Не преговараме за идентитетот
Нашата Влада не разговара за идентитетот, тоа не е предмет на преговорите, тврди потпаролот Миле Бошњаковски. Вели, за тоа разговараат само оние кои размислуваат опозициски. Бошњаковски, повтори дека процесот оди исклучиво преку медијаторот Метју Нимиц и организацијата на ОН.
-
Македонија 28.02.2018 13:45
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести и со тоа да работи на штета на граѓаните и на Република Македонија, реагира СДСМ.
-
Македонија 28.02.2018 13:41
ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги урива позициите на Македонија за името
Зоран Заев за реномирани меѓународни медиуми изјавува дека е подготвен за одредени отстапки во однос на грчките барања за менување на Уставот, а потоа Владата се обидува да го коригира и да ги појасни неговите позиции.
-
Македонија 28.02.2018 13:33
Систем за брзо информирање за небезбедна храна
Од утре почнува да работи системот за брзо информирање за небезбедна храна, храна за животни и материјали кои доаѓаат во контакт со храна.
-
Македонија 28.02.2018 13:25
Едно лице загина, две потешко повредени во сообраќајка кај Дреново
Едно лице загина, а две се тешко повредени, во сообраќајна несреќа што изутринава околу 10 часот се случи на патот Градско- Прилеп, кај Дреново.
-
Македонија 28.02.2018 13:15
Џафери: Блиску сме до решение со ВМРО- ДПМНЕ
Претседателот на Собранието Џафери е оптимист дека е можно политичко решение за одблокирање на Собранието. Очекува наскоро решение за Законот за употреба на јазиците и поднесените над 35.000 амандмани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 28.02.2018 12:33
Судењето за случајот „Тортура“ одложено за 23-ти март
Скопскиот Апелациски суд сѐ уште не одлучил дали екс- директорот на УБК, Сашо Мијалков ќе седне на обвинителна клупа и ќе му се суди, заедно со уште шестмина негови поранешни колеги за тортура врз Љубе Бошкоски.
-
Македонија 28.02.2018 12:27
Џафери очекува решение за 35-те илјади амандмани на Законот за употреба на јазиците
Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува во наредните денови да се најде решение за над 35-те илјади амандмани на Законот за употреба на јазиците, поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.










