Утре и задутре во Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Ќе има средби со државниот врв и со лидери на политички партии. В четврток ќе се обрати пред пратениците во Собранието.
-
Македонија 16.01.2018 10:23
-
Македонија 15.01.2018 16:47
Апелација одби уште седум жалби за собраниските настани
Скопскиот Aпелациски суд ги одби како неосновани жалбите на седуммина осомничени за собраниските настани од 27-ми април минатата година.
-
Македонија 15.01.2018 16:28
Шекеринска: Посетата на генералниот секретар на НАТО е порака сама по себе
Поради пасивноста на претходната владина политика, проблемите за Македонија се мултиплицираа во однос на исполнувањето на критериумите за членство во Северноатлантската алијанса, оцени министерката за одбрана Шекеринска.
-
Македонија 15.01.2018 16:17
Бојкот во градинката „Кочо Рацин“ поради промена на воспитувачка
Поради необразложено отстранување на воспитувачката од првата мала група во градинката „Кочо Рацин“ во општина Центар, родителите реагираат до институциите и бараат нејзино враќање. Според нив, со прераспределување на воспитувачката, директорката го нарушува психо-физичкиот развој на децата.
-
Македонија 15.01.2018 15:46
Ќе се искоренува исполитизираноста на јавните службеници
Деполитизирана стручна администрација оспособена за поефикасни, поквалитетни и побзри услуги за граѓаните, но и за бизнисите е целта на владината реформа, тврди координаторката Биљана Николовска Жагар. Процесот нема да биде лесен.
-
Македонија 15.01.2018 15:16
Данев: Договорот со Бугарија е асиметричен и на штета на Македонија
Власта, спротивно на интересите на граѓаните, без присуство на опозицијата, го ратификуваше Договорот со Бугарија, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, документот е асиметричен во однос на правата и обврските што произлегуваат од него.
-
Македонија 15.01.2018 15:05
Метео: Променливо облачно со сончеви периоди
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Послаби врнежи од дожд и снег на планините се можни во крајните западни делови.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Дневната температура ќе се зголеми во однос на денешната.
-
Македонија 15.01.2018 14:56
Ратификуван договорот со соседна Бугарија
Собранието го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.
-
Македонија 15.01.2018 14:47
Шекеринска: Македонија има што да му соопшти на генералниот секретар на НАТО
Македонија има што да му соопшти на генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, за шест месеци постигнавме повеќе отколку претходните години, изјави министерката за одбрана Шекеринска пред претстојната посета на Столтенберг на Македонија на 18-ти јануари.
-
Македонија 15.01.2018 14:30
Потребни се видливи резултати за напредок во евроинтеграциите
Бугарија ја поддржува европската перспектива и напорите на Владата, на сите институции и опозицијата, да ја постигнат својата стратешка цел за време на бугарското претседателство, да ги исполнат неопходните услови за добивање на покана за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ- истакна буга










