Денеска Бирото за развој на образованието ќе одбележи 70 години од своето основање.
На свеченоста е предвидено обраќање на министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.
Денеска Бирото за развој на образованието ќе одбележи 70 години од своето основање.
На свеченоста е предвидено обраќање на министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.
Од денеска стартува ноќната забрана за фрлање на сметот по 22 часот. Ќе има 24 часовни контроли за да се воспостави, велат од Град Скопје, ред во управувањето со отпадот и злоупотребите на контејнерите. За непочитувачите на забраната, прво опомена, а потоа 50 евра казна за физичките лица.
Наутро по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот Горан Ангеловски во градскиот парк во Скопје го одбележаа Светскиот ден на жртвите во сообраќајот, оддавајќи им почит на сите кои ги загубија своите животи
Куманово е една од општините вклучена во пилот-проект за реформи на противпожарниот систем. Целта е искуствата на службите од Тирол, Австрија, на започнат да се применуваат. Да се обезбеди професионална противпожарна единица, која ќе биде опрема, но и зајакната со доброволни друштва.
Под лупа објектите за храна околу училиштата. Изречени 15 забрани за вршење на дејност изречени од агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на 445 инспекциски контроли.
СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д. А (74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ по член 123 и „противправно лишување од слобода“ по член 140 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Пратениците ќе решаваат дали ќе иницираат надзорна расправа и анкетна комисија за пожарот во дискотеката „Пулс“. Иницијативата дојде на предлог на семејствата на жртвите, кои на маршот на ангелите побараа во Собранието да се расчисти случајот.
Отсуството на дебата за претходните резултати доведоа до пораз на СДСМ на локалните избори, смета пратеничката Славјанка Петровска.
Едно лице загина, а четворица се повредени во судир меѓу „фолксваген голф“ и „БМВ“ кој се случил синоќа околу 23:10 часот, на ул. Борис Трајковски“ во Скопје, соопшти полицијата.