Лажни и неточни се информациите дека Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ги користеле службените возила за време на предизборната кампања за локалните избори, соопштуваат од владината прес- служба.
-
Македонија 26.09.2017 14:27
-
Македонија 26.09.2017 13:55
Распишана потерница по Едмонд Темелко
По градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, распишана е централна и меѓународна потерница, информираат од скопскиот Кривичен суд.
-
Македонија 26.09.2017 13:53
Се бараат механизми за финансирање на програмите за превенција и за третман на ХИВ
Поради високиот економски развој и ниската стапка на ХИВ во Македонија, земјата не може повеќе да аплицира за грантови од Глобалниот фонд. Од наредната година, средства за превенција и третман на ХИВ ќе се одвојуваат само од Буџетот. Остануваат нерешени прашања.
-
Македонија 26.09.2017 12:41
Повторно одложено судењето за случајот „Тврдина 2“
Повторно одложено судското рочиште за „Тврдина 2“. Судот чека известување од МВР за тоа дека е распишана потерница за Горан Грујевски, првообвинетиот во овој случај. Известување не добило ниту Специјалното јавно обвинителство.
-
Македонија 26.09.2017 10:24
Земјоделците да ги пријават штетите од невремето на 11-ти септември
Демир Хисар, Ресен, Македонски Брод, Тетово, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Велес, Свети Николе, Куманово, Кавадарци, Росоман, Кисела Вода и Гази Баба се регионите кои беа најмногу зафатени со невремето од 11-ти септември.
-
Македонија 26.09.2017 08:59
Локални избори 2017: Партиите на митинзи и средби со граѓани
Партиите, коалициите и независните кандидати кои учествуваат на локалните избори што треба да се одржат на 15-ти октомври, денеска ќе одржат митинзи и средби со граѓани низ повеќе градови и населени места.
-
Македонија 26.09.2017 08:54
Поранешниот турски премиер Давутоглу во посета на Македонија
Поранешниот премиер на Република Турција Ахмет Давутоглу од денеска до 29-ти септември ќе престојува во работна посета на Република Македонија.
Во рамки на посетата, Давутоглу ќе оствари средби со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев.
-
Македонија 25.09.2017 17:17
Шилегов ја почна кампањата на велосипед, ги претстави мерките од неговата програма
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, изборната трка ја почна на велосипед. Рече дека со тоа сака симболично да најави оти на овие избори ќе понуди поинаков пристап и нова визија, за тоа како треба да изгледа главниот град.
-
Македонија 25.09.2017 17:16
Урбанистичките планови и решавање на загаденоста- приоритети на Богдановиќ, Марин, Богоев
Ревизија на урбанистичкиот план, најави кандидатот за градоначалник Саша Богдановиќ. Рече дека ќе ги заврши почнатите позитивни проекти, а во програмата што ја нуди вели дека го опфатил решавањето на проблемите за сите возрасти. Приоритет- решавање на паркинг- местата.
-
Македонија 25.09.2017 17:12
ДУИ: Граѓанинот во центарот на нашето внимание и интерес
ДУИ ги обелодени активностите, политичката понуда и агендата. Се мобилизираат, велат оттаму, за да ја презентираат нивната визија за општините во наредните четири години. Портпаролот на централниот изборен штаб, Арбер Адеми, рече дека ДУИ на овие локални избори настапува со слоганот „Заедно“.










