Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ.
-
Македонија 14.11.2025 08:05
-
Македонија 14.11.2025 08:02
Наутро студено, во текот на денот сончево
Наутро постудено со појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот сончево со слаб ветер претежно од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
-
Македонија 13.11.2025 20:11
Македонија и Египет ќе соработуваат во високото образование и науката
Македонија ќе добие поддршка во напорите за унапредување на високото образование од страна на Египет, земја чии универзитет забрзано се искачуваат на глобалните ранг листи, а ќе се продлабочува и билатералната соработка во областа на науката и истражувањата.
-
Македонија 13.11.2025 19:05
Расте бројот на заболени од грип
Бројот на заболени од грип се зголемува. За една недела пријавени се 116 заболени, за 20 проценти повеќе од претходната. Најмногу заболени има во Куманово и Гостивар.
Во однос на возраста најмногу заболени има од 15 до 64 годишна возраст.
-
Македонија 13.11.2025 18:36
Фармацевтско досие за пациентите во „Мој термин“ – бараат аптекарите
Фармацевтско досие за пациентите во „Мој термин“ бараат аптекарите, за да може да се евидентира дали терапијата е подигната и како пациентот реагира на неа. Увид ќе имаат матичните лекари. Честопати пациентите сами се лекуваат, ја менуваат терапијата, а тоа никаде не е заведено.
-
Македонија 13.11.2025 18:14
Коалициски преговори за владина реконструкција
Почнаа разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за испразнетите места во Владата. Премиерот Христијан Мицкоски не открива детали, но најави дека многу брзо ќе биде познато кој ќе го наследи Меџити на вицепремиерското место, но и во Министерството за животна средина.
-
Македонија 13.11.2025 17:22
Скопје одбележува 81 години од ослободувањето
Скопје ја живее слободата. Се сеќава на жртвите на оние коишто го положиле животот за денеска градот да се развива во метропола.
81 година сеќавања на хероите што се бореа за идеја, за достоинство, за Скопје што го имаме денес.
-
Македонија 13.11.2025 16:51
Кривична пријава против висок функционер на ДУИ и седум службеници во Општина Сарај
Финансиската полиција до Основното јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против висок функционер на ДУИ, поранешен градоначалник на општина Сарај и актуелен пратеник, како и против седум службеници во општината меѓу кои и надзорен инспектор.
-
Македонија 13.11.2025 16:36
Трипуновски: Со пуштање на електронската испратница, започнува дигитализацијата на македонскиот шумарски сектор
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денес присуствуваше на свечениот настан за пуштање во употреба на Интегрираниот информациски систем за шуми (IFIS), кој означува историска пресвртница во дигитализацијата на македонскиот шумарски сектор.
-
Македонија 13.11.2025 16:04
Лишен од слобода кавадарчанец, управувал возило со 1,98 промили алкохол во крвта
На 13.11.2025 во 03:10 часот на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода П.М.(35) од Кавадарци.










