Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу го осуди синоќешните настани во Собранието на РМ и истакна дека дел од структурите на МВР не си ја завршиле работата за што ќе мора да сносат одговорност.
-
Македонија 28.04.2017 13:50
-
Македонија 28.04.2017 13:44
Народен правобранител: Критики за селективноста на МВР
Народниот правобранител го осудува насилството врз пратениците и новинарските екипи, но го критикува и непрофесионалното и селективно постапување на Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 28.04.2017 13:38
АВМУ: Осуда за нападите на новинарските екипи
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осуди насилството врз новинарите и новинарските екипи, за време на вчерашните случувања во Собранието.
-
Македонија 28.04.2017 13:31
Железњак: Штетност од политиките на протекционизам
Протестите во Македонија ја демонстрираат штетноста на политиката на протекционизам и грубото мешање во внатрешните работи од САД, НАТО и ЕУ, смета пратеникот во Думата на Руската Федерација, Сергеј Железњак.
-
Македонија 28.04.2017 13:04
48 лица побарале помош во Градската болница по инцидентите во Собранието
48 лица се примени по инцидентите, велат во Градската клиника „Свети Наум Охридски“. Шестмина повредени биле хоспитализирани, од нив четворица се пуштени на домашно лекување, вели директорката, д-р Јасмина Чабуковска.
-
Македонија 28.04.2017 12:47
Реакции по вчерашниот инцидент во Собранието
Турбулентната ситуација создадена вчера во Македонија, меѓу главните теми на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Малта. Оттаму високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини со осуда за насилството во земјава.
-
Македонија 28.04.2017 12:32
Светските медиуми известуваат за инцидентите во Собранието на Република Македонија
„Тепачка во собранието“, „Хаос во Скопје“, „Револтираните националисти влетаа во Парламентот“ се дел од насловните страници на светските медиуми кои известуваат за инцидентите во Собранието на Република Македонија.
-
Македонија 28.04.2017 11:57
Пред Собранието мирно, се преземаат дејствија за расветлување на настаните
По синоќешните инциденти, пред Собранието на Република Македонија денеска состојбата е мирна. Нема собрани граѓани, но се засилува присуството на полицијата. Околу собраниската зграда се поставени метални барикади, а улиците се затворени за сообраќај.
-
Македонија 28.04.2017 11:47
МНР со осуда за инцидентите во Собранието
Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека силно го осудува секој акт на насилство, вклучително и вчерашниот насилен инцидент во Собранието на Република Македонија, што никако не смее да биде начин за справување со предизвиците.
-
Македонија 28.04.2017 11:24
Собрание: Се утврдува материјалната штета
По вчерашните случувања во зградата на Собранието на Република Македонија причинета е материјална штета, и дел од работните простории, прес-центарот, како и сала „Македонија“ во која се одржуваат пленарните седници се надвор од употреба. Согласно законската регулатива надлежните институции презем










