Мандатот за формирање влада нема да биде врачен сѐ додека не бидат отстранети правните и политичките пречки- изјави претседателот Иванов по средбата со претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина, Иваниќ.
-
Македонија 19.04.2017 15:01
-
Македонија 19.04.2017 14:59
Заев се сретна со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Шведска и на Холандија
Република Македонија мора да ги продолжи демократските процеси со што ќе се осигура стабилната иднина за граѓаните. Лидерот на СДСМ, Заев се сретна со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Кралството Шведска и на Кралството Холандија.
-
Македонија 19.04.2017 14:51
Уште три лица осомничени за грабежот во НЛБ Банка
Уште тројца помагале за да се изнесат милионите од НЛБ Банка. Заработија кривична пријава. Меѓу нив братот на первопријавениот, кој беше вработен во трезорот, другиот, негов пријател и третата е банкарски комерцијалист во истата банка.
-
Македонија 19.04.2017 14:35
Момче од Кавадарци загина во сообраќајка на влез на Велес
23- годишно момче од Кавадарци загина изутрината во тешка сообраќајна несреќа на влезот од Велес. Од засега непознати причини, камионот што го возел се извртел на патот, а кабината сопрела на работ од провалијата.
-
Македонија 19.04.2017 13:39
Метео: Променливо облачно и постудено време
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и постудено време со сончеви периоди и со локални послаби врнежи од дожд, на планините ќе провејува слаб снег.
Ќе дува и засилен ветер од западен и северозападен правец кој на места ќе надминува брзина од 90 километри на час.
-
Македонија 19.04.2017 13:27
Земјотрес почувствуван во Охрид и околината
Земјотрес со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала во 11 часот и 42 минути беше почувствуван во Охрид и околината.
-
Македонија 19.04.2017 13:24
МО: Конкурс за студенти-питомци за школување на академиите во Србија, Турција и Хрватска
Министерството за одбрана распиша конкурс за запишување тројца студенти- питомци што ќе се школуваат во Турција, Србија и во Хрватска во учебната 2017/ 2018 година.
-
Македонија 19.04.2017 13:21
Жбогар: Време е институциите да профункционираат
Време е институциите да се формираат и да профункционираат- изјави евроамбасадорот Самеул Жбогар. Смета дека што поскоро треба да се избере нов претседател на Собранието, а сите политички чинители да се обединат кон единствената цел- евроатлантските интеграции на Македонија.
-
Македонија 19.04.2017 11:06
Охридското Езеро 16 сантиметри над минимумот
Нивото на Охридското Езеро е 16 сантиметри над дозволениот минимум, но е под просекот за април кој изнесува 42 сантиметри над минимумот, соопшти УХМР.
-
Македонија 19.04.2017 10:40
Продолжуваат протестните маршеви низ земјава
Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои траат речиси два месеца. Од оваа иницијатива сметаат дека на граѓаните им е подметната Тиранската платформа, а според нив, овој документ води кон бинационална, а не кон мултинационална држава.










