Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска го именуваше Зоран Иванов за нов директор на Агенцијата за разузнавање, на местото на досегашниот директор Наќе Чулев, чиј мандат истече, соопшти кабинетот на македонскиот претседател.
-
Македонија 27.03.2017 15:47
-
Македонија 27.03.2017 15:13
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во работен престој на Малта, за СДСМ ова е бегање од одговорност
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со партиска делегација е во работен престој на Малта. Ќе учествува на Конгресот на Европската народна партија, каде ќе присуствуваат политички функционери од Европа кои доаѓаат од партии од десницата.
-
Македонија 27.03.2017 14:04
Метео: Ниски утрински, постепен пораст на дневните температури
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со слаб до умерен северен ветер.
Утрото ќе биде постудено со минимална температура на места и под нулата, а максималната дневна ќе достигне до 18 степени.
-
Македонија 27.03.2017 13:46
Коцијанчич: Отворањето на преговорите зависи од Европскиот совет
Портпаролката на Европската комисија за соседска и проширување, Маја Коцијанчич беше прашана денеска во Брисел дали при средбата на втори март во Скопје, шефицата на европската дипломатија и безбедност, Федерика Могерини му ветила на лидерот на СДСМ отворање на преговорите за евроинтеграција доко
-
Македонија 27.03.2017 13:26
Ако Турција ги пушти мигрантите, земјите од Балканската рута ќе се соочат со сериозен проблем
Ако Турција почне да пушта по 30.000 до 50.000 мигранти дневно, а Грција одбие да ги прими, тоа ќе биде сериозен проблем со кој ќе се соочат сите земји од т.н. Западно-балканска рута, предупредуваат од граѓанската организација ЛЕГИС.
-
Македонија 27.03.2017 13:09
Собранието ја продолжи конститутивната седница
Собранието на Република Македонија попладнево ја продолжи конститутивната седница на која ќе се избира претседател, заменик на претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
-
Македонија 27.03.2017 11:57
„За заедничка Македонија“ продолжува со протести
Од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ најавија дека продолжуваат со протестите во Скопје и низ повеќе од 30 градови во државава. Како што велат, не планираат да отстапат од нивните барања за отфрлање на Тиранската платформа.
-
Македонија 27.03.2017 10:39
Продолжува конститутивната седница на Собранието
По речиси три месеци, пратениците од новиот парламентарен состав повторно се враќаат во собраниските клупи. За 12 часот е најавено продолжението на конститутивната седница, на која треба да се избере составот на Комисијата за избори и именувања.
-
Македонија 27.03.2017 10:29
На „Ало докторе“ досега 145.832 јавувања
Вкупно 145.832 повика се регистрирани на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ од 15 септември 2014 година, кога е отворена.
-
Македонија 27.03.2017 10:21
Пад на температурите
По неколкудневните високи температури, денеска позначително нивно опаѓање во интервал од 7 до 14 степени.
Се очекуваат и повремени врнежи од дожд, претежно во југозападните и во јужните делови, а на планините и на повисоките места, врнежи од снег.










