Пред советот од петмина управни судии на маса се петте тужби поднесени од политичките партии кои се незадоволни од решенијата на Државната изборна комисија. Четири тужби поднесе Социјал- демократскиот сојуз на Македонија, а една е од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 19.12.2016 14:24
-
Македонија 19.12.2016 14:15
ЕК: ДИК и судовите да работат непречено, без притисок и политичко влијание
Официјален Брисел бара Државната изборна комисија и судовите да се остават да работат непречено, без притисок и политичко влијание. Овој став го пренесе портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.
-
Македонија 19.12.2016 13:08
Управниот суд во рок од 48 часа треба да одлучи по тужбите на политички партии за изборите
Откако Државната изборна комисија ги разгледа сите приговори, на потег сега е Управниот суд. Тече 48-часовниот рок за одлучување по тужбите поднесени од политички партии. Пет судии избрани со ждрепка, на јавна седница треба да одлучат како ќе се постапува по тужбите.
-
Македонија 19.12.2016 12:49
Средба Заев- Бејли
Во седиштето на СДСМ, средба на лидерот на партијата Заев и американскиот амбасадор во змејава Бејли. Мнозинството граѓани во Македонија избра промени на парламентарните избори и нивната волја мора да биде почитувана, стои во дописот од партијата.
-
Македонија 19.12.2016 12:18
Истекува рокот за избор на „Најдобар млад научник“ за 2016-та година
Од Кабинетот на претседателот Иванов потсетуваат дека на крајот на месецов истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“.
-
Македонија 19.12.2016 11:28
Зголемен бројот на болни деца
Кај бебиња oд неколку месеци се дијагностицираат бронхитис и други респираторни инфекции. Институтот за белодробни заболувања „Козле“ е исполнет до последното место. Болнички се лекуваат 150 деца. Мајките остануваат со нив по 10-тина дена и повеќе.
-
Македонија 19.12.2016 10:55
УХМР: Од средината на неделава врнежи од дожд и снег
Денеска во Македонија ќе биде сончево и ведро. Во западните делови ќе има мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде под нулата, а дневната ќе се движи од 4 до 9 степени.
-
Македонија 19.12.2016 10:49
Прилеп го прославува Свети Никола
Многу умешност, уште повеќе љубов и посветеност се потребни да се свиткаат 65.000 мали посни сарми. Така размислуваат прилепчанки кои 11-та година по ред трпеливо ги приготвуваат познатите посни, но и гинисови сарми.
-
Македонија 19.12.2016 10:44
Биомасата како замена за фосилните горива
Преку проектот „Биофос“ финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка финишира пилот проектот за промоција на биомасата како замена за фосилните горива и подигање на топлинската, енергетската и еколошката ефикасност во некои јавни битолски институции.
-
Македонија 19.12.2016 10:36
Нимиц ја чека новата влада во Македонија
Медијаторот Метју Нимиц е подготвен за нов почеток на разговорите меѓу Македонија и Грција за името, но како што пренесува грчкиот весник „Катимерини“, прво треба да се состави новата влада.










