Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од утре до 30 октомври ќе престојува во работна посета на Република Србија, по повод одбележувањето на јубилејот „70 години од доселувањето на Македонците во Војводина“.
-
Македонија 27.10.2016 13:49
-
Македонија 27.10.2016 13:30
Почна со работа Унивезитетот „Мајка Тереза“
Почна со работа Унивезитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Шестиот државен универзитет во земјава е составен од пет факултети- за технички науки, градежништво и архитектура, за технолошки науки, за информатика и за социјални науки.
-
Македонија 27.10.2016 13:11
Сообраќајка во Скопје: Прегазена девојка се бори за живот
Повторно сообраќајка во Скопје кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Синоќа автомобил Голф удрил во 23 годишна девојак од Прилеп која со тешки повреди била пренесена во Ургентниот центар.
-
Македонија 27.10.2016 13:11
Заеднички и координирано против трговијата со луѓе
Огромниот мигрантски и бегалски бран ја усложнува ситуацијата. Големото зло распространето низ светот- трговијата со луѓе, е сѐ позачестена. Жртви се најчесто луѓето кои поради војна или економска глад бараат подобри услови за живот.
-
Македонија 27.10.2016 13:02
ДИК утре ќе го стави на увид избирачкиот список
Утре ДИК треба да го стави на јавен увид избирачкиот список. Тој според најавите треба да трае до 16-ти ноември.
Во меѓувреме, пронајдените 30-тина илјади спорни гласачи се уште може да се пријават до комисијата за гласањето на 11-ти декември.
-
Македонија 27.10.2016 12:51
Груевски во Лондон на средби со британски парламентарци
Во рамките на партиската посета на Лондон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски оствари повеќе работни средби со лордови и пратеници во Парламентот во Велика Британија.
-
Македонија 27.10.2016 10:30
Јолевски- Хојт Ји: Македонија продолжува со реформите во одбраната
Министерот за одбрана, Зоран Јолевски кој е во работна посета на САД, вчера оствари средба заменик помошник државниот секретар Хојт Брајан Ји.
-
Македонија 27.10.2016 10:25
Почна вакцинацијата против сезонски грип
Во земјава почна вакцинацијата против сезонскиот грип. Таа ќе се одвива од 8 до 18 часот од понеделник до петок и од 8 до 14 во сабота.
-
Македонија 27.10.2016 10:19
Нема повредени македонски граѓани во серијата земјотреси во Италија
Нема повредени македонски граѓани во синоќешниот земјотрес што ја погоди централна Италија. Земјотресот бил со магнитуда од 6,1 Рихтери, но оваа информација подоцна е коригирана од Цивилната заштита на Италија, според која земјотресот бил со јачина од 5,9 Рихтери.
-
Македонија 26.10.2016 17:09
ДИК: За гласање пријавени 1.519 граѓани кои живеат во странство
Вкупно 1.519 граѓани на Република Македонија кои живеат во странство се пријавиле до денеска до 15 часот се пријавиле за гласање преку електронската апликација на веб страната на Државната изборна комисија.









