Падна договор за претседател на Комисијата за избори и именувања. Ќе ја раководи Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. Токму претседателствувањето со Комисијата беше камен на сопнување на неколкудневните координации.
-
Македонија 23.03.2017 16:04
-
Македонија 23.03.2017 15:48
Вработените во ТВ Нова со писмо до ОБСЕ
Шести ден протестираат вработените од Телевизија Нова. Секојдневно се на различна локација, денеска пред мисијата на ОБСЕ упатија порака за зачувување на слободата на медиумот.
-
Македонија 23.03.2017 15:36
Македонија и Белорусија ја продлабочуваат соработката
Македонија и Белорусија потпишаа меморандум за културна соработка меѓу Министерствата за култура на двете држави. Договорот го потпишаа во Белград амбасадорите на двете земји и тој преставува правна рамка за продлабочување на културната соработка.
-
Македонија 23.03.2017 14:59
Грчките медиуми секојдневно известуваат за политичката состојба во Македонија
Воведување на Албанскиот како втор официјален јазик и менување на државните симболи се дел од условите од Тиранската платформа прифатена од лидерот на СДСМ Зоран Заев со цел да формира влада, информираат грчките медиуми.
-
Македонија 23.03.2017 14:44
Четири нови истраги на СЈО
Првата истрага „Табла“ е за злоупотреба на службена положба на директор на основно училиште од Зајас. Според СЈО, без постапка за јавна набавка ѝ овозможил на фирма од Кичево противправна имотна корист од 200 илјади евра за изградба на ново училиште.
-
Македонија 23.03.2017 14:11
Постигнат договор за Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ, е договорено на денешната координација во Собранието.
-
Македонија 23.03.2017 14:03
Анкета на ИПИС: Нови парламентарни избори- најдобро решение за надминување на кризата
65,5 насто од испитаниците според анкетата на Институтот за политички истражувања сметаат дека со одржување на изборите на 11-ти декември не се надмина политичката криза. 23,2 насто имаат спротивно мислење.
-
Македонија 23.03.2017 13:57
Метео: Утре 27 степени, пад на температурите од понеделник
Сончевото и топло време во Македонија продолжува и утре проследено со слаб до умерен ветер од променлив правец.
-
Македонија 23.03.2017 13:43
Продолжи координативната средба во Собранието
По пауза од еден час дадена за дополнителни консултации, во Собранието на Република Македонија продолжи координативната средба за собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.
На координацијата се уште не е постигнат договор за претседател на Комисијата.
-
Македонија 23.03.2017 13:30
Запленети 43.800 евра на Табановце
На граничниот премин Табановце утринава околу 7:15 часот е спречен обид за нелегално изнесување на 43.800 евра.
Парите се најдени во патничко возило управувано од македонски државјанин кој патувал заедно со уште еден македонски и еден турски државјанин.









