Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за економски прашања.
-
Македонија 06.10.2016 10:11
-
Македонија 05.10.2016 16:42
Кривичниот суд го одби барањето на СЈО за изземање на судија за „Трезор“
Претседателот на Кривичниот суд го отфрли како неосновано барањето на СЈО за изземање на судијата на претходна постапка кој требаше да одлучува по предлогот за определување мерки за претпазливост за тројца од осомничените во случајот „Трезор“.
-
Македонија 05.10.2016 16:13
Трајанов поднесе законски измени за СЈО
Павле Трајанов ги поднесе измените на законите кои ги бара Специјалното обвинителство во редовна собраниска постапка. Тврди дека Собранието нема да се распушти на 12-ти туку после 20-ти октомври и дека има доволно време неговите измени да ги минат собраниските филтри.
-
Македонија 05.10.2016 15:54
Жбогар: Партиите се обврзаа да му дадат поддршка на СЈО
Партиите се обврзаа да му дадат поддршка на Специјалното јавно овбинителство, тоа е најдобрата алатка за да се истражи одговорноста којашто произлегува од прислушуваните разговори- изјави европскиот амбасадор Жбогар. Вели оти негов впечаток е дека партиите се подготвуваат за изборите.
-
Македонија 05.10.2016 15:35
Владата почнува со целосно обесштетување на поплавените
Почнува целосната исплата на оштетените лица во августовските поплави, одлучи Владата.
-
Македонија 05.10.2016 15:18
Метео: Променливо облачно со слаб локален дожд
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Ќе има мала веројатност за појава на слаб локален дожд. Повеќе врнежи се очекуваат во петок кон крајот на денот.
-
Македонија 05.10.2016 15:04
Попоски: Македонија придонесува за мир и стабилност во Авганистан
Во Брисел конференција за Авганистан во организација на Европската Унија и на Авганистанската влада. Учествува и шефот на дипломатијата Попоски.
-
Македонија 05.10.2016 14:52
Одложен почетокот на судењето на Богоевски
Нема точен износ во обвинението колкава штета направил Павле Богоевски фрлајќи боја врз фасадата на Министерството за култура. Ова беше причината поради која се одложи процесот во кој му се суди на еден од водачите на „Шарената револуција“.
-
Македонија 05.10.2016 14:46
Трајанов со нов предлог законски измени за законите за СЈО и за заштитени сведоци
Предлози за измени на Законите за Специјалното јавно обвинителствои за заштитени сведоци поднесе пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз. Корекциите вчера не поминаа по скратен апостапка, денеска тој ги иницира во редовна процедура.
-
Македонија 05.10.2016 14:32
Голема излезност на првиот студентски референдум
Гласам за да не се врши притисок врз Универзитетот и за да има поголема контрола врз парите- рекоа некои од студентите додека го остваруваа своето право на глас. Во импровизирани гласачки кутии на 20 факултети се спроведе првиот студентски референдум на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.










