Во земјава тимот од експерти ангажиран преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија од областа на водовод и канализација за помош на надлежните институции работи на процена на загрозеноста на водата за пиење и канализацијата.
-
Македонија 12.08.2016 11:11
-
Македонија 12.08.2016 11:03
Владата донесе одлука- цените на одделни производи да се вратат на нивото пред поплавите
Владата донесе одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на мало на ниво кое се применувало до 5-ти август годинава, односно пред поплавите.
-
Македонија 12.08.2016 10:51
Во недела собраниска седница за поплавите
Првиот парламентарец Вељаноски, во договор со координаторите на пратеничките групи, за в недела закажа посебна собраниска седница за поплавите.
-
Македонија 12.08.2016 10:30
Вонредно прскање против комарци во поплавените подрачја
Вонредното авионско прскање против возрасни форми на комарци во поплавеното подрачје, односно од Бутел до Илинден, Арачиново, Ченто, Стајковци, Страчинци, Црешево, Инџиково, Виниче, Смилковци и на другите населени места коишто се поплавени, ќе се реализира утре во периодот од 5 до 9 часот доколк
-
Македонија 12.08.2016 10:25
На државните универзитети идната недела запишување студенти во учебната 2016/2017
На државните универзитети идната недела почнува пријавувањето за прва година додипломски студии. Има 24.356 места, од кои 13.536 за редовни студенти во државна квота, 7.327 места со кофинансирање и 3.493 слободни за вонредни студенти.
-
Македонија 12.08.2016 08:13
Сообраќајот без забрани, во прекин патниот правец преку Јасен
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
-
Македонија 11.08.2016 15:55
Тешка механизација на КФОР помага во расчистување на теренот во скопско Стајковци
Машини, кипери, техника за превоз, санитетска екипа- конвојот на КФОР од изутрината преку скопската обиколница влезе во Стајковци. Механизацијата се распореди на најкритичните точки.
-
Македонија 11.08.2016 15:42
Во Црешево состојбата постепено се нормализира
Во најголемата вода тргнал да ги спасува родителите кои ја ваделе бавчата под селото. Знаел дека го ризикува сопствениот живот, но не можел да остане мирен дома. Приказната за потрагата по најмилите на овој човек од Црешево- нема среќен крај.
-
Македонија 11.08.2016 15:20
ДИК: Досега пријавени 4.038 граѓани со спорни записи
Заклучно до денеска напладне до Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле вкупно 4.038 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.
-
Македонија 11.08.2016 15:17
Водата во загрозените региони е безбедна за пиење
Жителите од подрачјата зафатени од поплавите можат да ја пијат вода од чешмите. Лабораториските анализи покажале дека водата од водоводната мрежа е бактериолошки и хемиски исправна. Од Институтот за јавно здравје велат дека исклучок е само село Арачиново.










