Нема патогени бактерии во водата за пиење во подрачјата зафатени од големото невреме- покажале анализите од Институтот за јавно здравје. Иако водата е хемиски исправна, сепак од таму информираат дека останува забраната за консумирање на водата во поплавените подрачјата.
-
Македонија 10.08.2016 14:07
-
Македонија 10.08.2016 13:13
Претседателот Иванов повика на надминување на предизвиците во овие тешки моменти преку братољубие
Во овие тешки моменти за населението, но и за самата држава, претседателот Ѓорге Иванов повика на надминување на предизвиците преку братољубие. Да се помогне на ближниот како што налагал и Свети Климент- заштитникот на светата македонска црква.
-
Македонија 10.08.2016 12:22
Продолжува хуманитарната акција, собрани над 13 милиони денари
Продолжува хуманитарната акција за настраданите. Отворени пунктови, телефонски линии, жиро-сметки. Граѓаните, компаниите, невладините организации се на нозе.
-
Македонија 10.08.2016 12:09
ЈОРМ: Немаме ингеренции да постапуваме во услови на елементарни непогоди
Јавното обвинителство нема ингеренции да постапува во услови на елементарни непогоди и во случаи каде нема сомнение за сторено кривично дело, велат од институцијата.
-
Македонија 10.08.2016 11:55
Папата Франциск изрази сочувство за настраданите во Скопско
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи соопшти дека папата Франциск преку државниот секретар кардинал Пјетро Паролин испрати телеграма до скопскиот бискуп Киро Стојанов, со која изразува сочувство до настраданите во временската непогода, која пред неколку дена се случи во Ск
-
Македонија 10.08.2016 11:29
Доброволци од Прилеп и денеска ќе помагаат во Скопско
Втор ден по ред, доброволците од Прилеп изутрината заминаа да помогнат во расчистување на последиците по невремето во Скопско.
-
Македонија 10.08.2016 10:56
ЈСП со измени на сообраќајот во поплавените подрачја
Јавното сообраќајно претпријатие известува дека од денеска не важат повеќе редукциите на автобуските линии на повеќе патни правци.
-
Македонија 10.08.2016 10:16
Петнаесет години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила
Се одбележуваат 15 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски бачила.
-
Македонија 10.08.2016 08:58
ДИК: Пријавени 3.537 граѓани со спорни записи во Избирачкиот список
До Државната изборна комисија досега пристигнале 3.537 барања за регулирање на избирачкото право од вкупно 39.502 граѓани кои се на списокот со спорни записи по вкрстените и административни проверки на Избирачкиот список.
-
Македонија 10.08.2016 08:54
Обиколницата Скопје пуштена за сообраќај
Обиколницата Скопје која беше поплавена и оштетена во невремето во саботата, од синоќа е пуштена за сообраќај во двата правца, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
На оштетените делови од коловозот се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.








