Вкупниот откупот и продажбата на земјоделски производи на почетокот од годинава бил помал за 14,6 проценти од лани.
-
Македонија 26.05.2016 10:11
-
Македонија 26.05.2016 09:58
Завршува проектот за имплементација на активните мерки и услуги за вработување
Во ЕУ Инфо центарот во Скопје денеска ќе биде заокружен твининг проектот за поддршка на Агенцијата за вработување во имплементација на активните мерки и услуги за вработување.
-
Македонија 26.05.2016 08:17
Седници на две собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет и за транспорт, врски и екологија.
-
Македонија 25.05.2016 14:52
Уставниот суд ги поништи одлуките за распуштање на Собранието
Уставниот суд денеска донесе едногласна одлука со која се поништуваат Одлуката за распуштање на Собранието на РМ од јануари 2016 и Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието на РМ од февруари 2016 година.
-
Македонија 23.05.2016 20:38
Советот на ЕУ ја одложи расправата за Македонија
И покрај најавите, Советот за надворешни работи на ЕУ денеска не разговараше за состојбата во Македонија. Дискусијата за нашата држава е одложена за на 20 јуни, поради недостаток на време и отсуството на министрите кои ја поднесоа иницијативата.
-
Македонија 23.05.2016 18:41
Набавени 50 илјади вакцини за болеста „чвореста кожа“
Агенцијата за храна и ветеринарство попладнево соопшти дека се обезбедени 50 илјади дози од вакцината против болеста „чвореста кожа“ кај говедата за итна вакцинација на добитокот во 19 општини во Источна и Југоисточна Македонија.
-
Македонија 23.05.2016 17:07
Истекува мандатот на евроамбасадорот Орав
Истекува мандатот на естонскиот дипломат, Авио Орав, како шеф на делегацијата на Европската унија во Македонија.
Европската комисија информира дека налето ќе биде именуван нов амбасадор, а процесот на селекција е веќе во тек.
-
Македонија 23.05.2016 15:48
Распит на осомничени за случајот „ТНТ“
Во скопскиот Кривичен суд распит на четворицата осомничени во случајот „ТНТ“, односно за рушењето на станбено- деловниот објект „Космос“.
Осомничените беа на распит во судот и на 17 мај, но се одложи по барање на одбраната за да го заврши увидот во предметот и во доказите.
-
Македонија 23.05.2016 15:21
Метео: Умерено облачно со локални врнежи
Утре во Македонија ќе преовладува умерено облачно време со локални врнежи од дожд и појава на ретки грмежи особено во попладневните часови.
Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец кој што на моменти ќе надминува брзина од 70 километри на час.
-
Македонија 23.05.2016 14:15
Заладувањето доведе до успорување на вегетацијата
Врнежите во текот на овој месец ја подобрија влажноста на почвата која е добредојдена за есенските жита кои се во одлична состојба, но ја забавуваат пролетната сеидба и развојот на расадот на тутун.










