Ќе бидам пример за добра соработка- изјави Љуљзим Хазири, петтиот член на ад-хок телото кој беше избран на лидерската средба на која се утврди датумот за избори. Вели дека не се пријавил за член на ад-хок телото. Колегите го известиле за изборот.
-
Македонија 01.09.2016 15:49
-
Македонија 01.09.2016 15:39
Одложено судењето на новинарот Зоран Божиновски
Повреди во водењето на постапката и во правото на одбрана – ова се наодите кои пред Апелацискиот суд ги истакнаа адвокатите на обвинетите во случајот „Шпион“. Бараат да се укине првостепената пресуда, која според нив е необјективна и не докажувала кривично дело шпионажа.
-
Македонија 01.09.2016 15:28
Тетово: Протест на учениците од македонските паралелки
Стотина ученици, родители и наставници од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ протестираа денеска поради недостиг на елементарни услови за настава.
Тие се револнирани бидејќи немаат соодветно затоплување, а училници и тоалетите биле запоставени.
-
Македонија 01.09.2016 15:24
Почна учебната година во Стајковци, училиштето е обновено
Во изминатиов месец служеше како кризен штаб, сега ги отвори вратите за учениците. Почна наставата во „Кирил и Методиј “ во скопско Стајковци, за прв пат во клупите седнаа 43 првачиња. По поплавите, училиштето е обновено.
-
Македонија 01.09.2016 15:01
Ветеното се реализира, следуваат нови проекти
Преглед на реализираното од она што било ветено пред граѓаните. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на состанок со министрите и градоначалниците од оваа партија. Груевски побара отчет за сработените активности.
-
Македонија 01.09.2016 14:49
Метео: За време на викендот стабилно и сончево
Утре во Македонија се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец.
Во претпладневните часови во јужните делови ќе има услови за краткотрајни врнежи со ретка појава на грмежи.
-
Македонија 01.09.2016 14:08
Штајнмаер го поздрави договорот за избори на 11-ти декември
Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер го поздрави договорот на македонските партии за утврдување на 11 декември како термин за предвремени парламентарни избори.
-
Македонија 01.09.2016 13:51
Охридското Езеро порибено со подмладок од пастрмка
Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 2, 2 милиони единки рибен подмладок на охридска пастрмка. Како што велат експертите од Хидробиолошкиот Завод, доколку само сто илјади од нив ги преживеат суровите езерски услови, тоа ќе биде сосема доволно за природен прираст на пастрмката.
-
Македонија 01.09.2016 13:05
Смени во МВР, БЈБ и во УБК
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков поднесе оставка, соопшти портпаролот на владата Александар Ѓорѓиев. Оставката е прифатена од премиерот Емил Димитриев и е испратена до Собранието. За нов министер за внатрешни, се предлага професорот Оливер Андонов.
-
Македонија 01.09.2016 12:55
Почна учебната година, околу 22.000 првачиња во училишните клупи
Училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна година за околу 300.000 ученици. За прв пат во училишните клупи седнаа речиси 22.000 првачиња.










