• Македонија 22.02.2016 10:11

    Напредок има, но услови за избори нема

    Напредок има, но не се исполнети условите за одржување на избори на 24-ти април пишува во извештајот на амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли, кој беше доставен до премиерот Емил Димитриев.

  • Македонија 22.02.2016 08:20

    Сообраќајот без забрани, наместа по влажни коловози

    Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

  • Македонија 21.02.2016 20:34

    Бејли: Одлуката за одржување на изборите е на Собранието

    Американскиот амбасадор Џес Бејли вечерва пред Владата на РМ ја соопшти заедничката оценка на САД и на ЕУ за тоа дали се исполнети условите за одржување предвремени парламентарни избори на 24 април, согласно Договорот од Пржино.

  • Македонија 21.02.2016 12:40

    Изминатите 24 часа издадени потврди на 372 мигранти

    Во изминатото деноноќие издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 372 странски државјани, од кои 104 од машки и 102 од женски пол, како и на 166 деца кои го придружуваат носителот. 
     
  • Македонија 21.02.2016 12:30

    Прекини во сообраќајот на граничниот премин Меџитлија

    Од 9 до 13 часот и од 17 до 21  часот во целосен прекин ќе биде сообраќајот за влез и излез од Македонија - Грција на граничните премини Меџитлија - Ники, поради штрајк на грчките земјоделци кои поставуваат трактори во близина  на преминот Ники, информира Автомотосојузот на Македонија.

  • Македонија 21.02.2016 10:33

    ЕУ и САД треба да ја објават проценката за изборите

    Проценката на ЕУ и САД дали се создадени услови за предвремени парламентарни избори на 24 април треба да биде објавена денеска.

    Првично амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли најавија дека проценката за изборите ќе биде објавена на 19 или 20 февруари.

  • Македонија 20.02.2016 12:27

    Објавувањето на проценката на ЕУ и САД за изборите одложена за утре

    Проценката на ЕУ и САД дали се создадени услови за предвремени парламентарни избори на 24 април наместо денеска ќе биде објавена утре по барање на лидерите на политичките партии, потврдија од Амбасадата на САД и Делегацијата на ЕУ.

  • Македонија 20.02.2016 09:34

    ЕУ И САД ќе ја соопштат проценката за изборите

    Оценката на ЕУ и САД за тоа дали има услови за одржување кредибилни избори на 24-ти април ќе биде објавена денеска попладне.

    Евроамбасадорот Аиво Орав, неделава одговарајќи на новинарско прашање изјави дека проценката се уште е во подготовка.

  • Македонија 20.02.2016 09:01

    Облачно и посвежо со повремен дожд

    Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во северните и западните делови каде на планините ќе се формира нова снежна покривка.

  • Македонија 19.02.2016 16:37

    Се очекува оценката на САД и ЕУ

    Се очекува оценката од Eвропската унија и од Соединетите Американски Држави за подготвеноста на земјава да организира избори на 24-ти април.

    Од седиштата на Брисел и на Вашингтон во Македонија нема официјална информација кога ќе бидат соопштени детали од извештајот.

Pages