Одложено е рочиштето за случајот „Диво насеље“, во кое 37- мина се осомничени за тероризам.
Според судијката, нема просторија што ќе ги исполни сите технички и безбедносни услови, во кои би се одвивало судењето.
Одложено е рочиштето за случајот „Диво насеље“, во кое 37- мина се осомничени за тероризам.
Според судијката, нема просторија што ќе ги исполни сите технички и безбедносни услови, во кои би се одвивало судењето.
Во посета на Македонија се очекува да пристигне и генералниот секретар за европска соработка, Роберт Де Хроут. Најавени се средби со министерот за надворешни работи Попоски и со лидерите на четирите поголеми политички партии.
„Политичките лидери да се фокусираат и да го почитуваат договорот од Пржино“- Брисел со порака за земјава. Бара реформи, дијалог и враќање на евро-атлантскиот пат.
Во Министерството за внатрешни работи денеска беше извршено примопредавање на должноста министер за внатрешни работи.
Новиот министер за внатрешни работи Митко Чавков го презеде кабинетот од претходниот министер Оливер Спасовски.
Координаторите на пратеничките групи на ВМРО- ДПМНЕ и на ДУИ, поднесоа предлог за измени и дополнувања на шест закони. Ќе се разгледуваат на денешното пленарно заседание закажано за 14 часот.
Концесијата за организирање на рекреативен риболов на „Акумулација Градче“ се доделува за период од шест години.
Право на учество на Јавниот повик имаат домашни и странски правни лица и рибарските здруженија.
Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска ќе одбележи 67 години од основањето - со молебен пред споменикот на браќата просветители на универзитетскиот кампус, доделување плакети и награди и вечер со свечена академија и концерт во МНТ на кој како солист ќе настапи виолинистот Стефан Миленковиќ
Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл денеска и утре ќе престојува во Скопје на средби со потписниците на Договорот од Пржино и претставници на меѓународната заедница, соопшти Германската амбасада.
Денеска, на 52- годишна возраст, ненадејно почина нашиот колега Илија Таневски, дипломиран електро инженер, раководител во Секторот ТВ - техника во Македонската телевизија.
Собранието на Република Македонија ја започна 101 седница, на чиј дневен ред се измени на Изборниот законик, по скратена постапка и избор на нови членови на Владата.