До 30-ти јуни земјоделците ќе можат од дома, преку компјутер, да поднесуваат барања за субвенции до Платежната агенција.
-
Македонија 06.05.2016 09:54
-
Македонија 06.05.2016 08:28
Одбележување на Денот на македонската полиција
Во скопската касарна „Илинден“ денеска ќе се одржи централната свеченост во рамки на одбележувањето на 7-ми Мај - Денот на македонската полиција.
-
Македонија 05.05.2016 16:49
Нема протест на затвореници во Идризово
Протест на затворениците воопшто не бил ниту најавен, ниту пак се случил, вели директорот на затворот Идризово, Живко Пејковски. Според него, состојбата во казнено-поправната установа е редовна и се реализираат посетите на затворениците од нивните семејства.
-
Македонија 05.05.2016 16:45
Со комеморација одбележан Јом Ашоа
Со палење меморијални свеќи се одбележаа 73 години од востанието и смртта на шест милиони евреи во Варшавското гето. Денешниот ден е ден на херојството достоинството и непокорот на човекот, рече директорот на Музејот на холокаустот, Горан Садикарио.
-
Македонија 05.05.2016 16:25
Бејли: САД и ЕУ работат за решавање на политичката криза
Американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, вели дека САД и Европската унија работат заедно во обид да се заврши политичката криза. „Има некои пречки. Продолжуваме со силен ангажман во деновите и неделите кои претстојат“ – рече Бејли.
-
Македонија 05.05.2016 16:19
Работа со компјутери и основи на програмирање - задолжителен предмет во четврто одделение
со компјутери и основи на програмирање како задолжителен предмет влегува и во четврто одделение – соопшти Министерството за образование. Досега ова функционираше како пилот - проектот во третолетка, со еден час неделно.
-
Македонија 05.05.2016 16:12
Нов ЕЕГ апарат во Заводот за ментално здравје
Апарат значаен за дијагностицирање и следење на епилепсија, промени кај децата со аутистичен синдром, увид во интелектуалните и психомотрните способности кај дете, доби заводот за ментално здравје. Вредноста на апаратот е околу 1,5 милион денари.
-
Македонија 05.05.2016 16:03
Орав: Политичките лидери мора да се сретнат до 11-ти мај за изнаоѓање решение за кризата
Лидерите на четирите партии мора да се сретнат до 11-ти мај за изнаоѓање решение за надминување на политичката криза во земјава – порача евроамбасадорот Орав. Иако физички не постои писмо од Брисел, сепак, потврди дека од таму се испратени пораки до партиските лидери.
-
Македонија 05.05.2016 15:25
Николовски побара обесштетување за сточарите поради загубите од болеста „јазлеста кожа“
Дополнителниот заменик – министер за земјоделство Николовски, побара сточарите веднаш да бидат обесштетени за губитоците од болеста „јазлеста кожа“, да им бидат префрлени пари за уништените животни, како и да се подмират долговите кон ветеринарните друштва.
-
Македонија 05.05.2016 15:22
СЈО и ОЈО ќе ја расветлуваат смртта на Крпач
Специјалното јавно обвинителство го прифати барањето на Основното обвинителство за истражување на околностите под кои настапила смртта на Коста Крпач, информираа од обвинителството на Јанева.










