-
Македонија 21.03.2016 08:36
Одбележување на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром
Во организација на здружението „Трисомија 21“ денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром - 21 март, со цел да им се даде поддршка на овие деца и младинци. -
Македонија 21.03.2016 08:34
Конференција за положбата на Македонија во услови на мигратската криза
Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе се одржи конференција на тема „Геостратегиската и геополитичката положба на Република Македонија во услови на мигрантската и бегалската криза“.
-
Македонија 21.03.2016 08:10
Времено изменет сообраќајниот режим на патот Катланово - Велес
Од денеска, 21 март, ќе биде воведена времена измена на сообраќајниот режим на делницата Катланово - Велес поради изведување градежни работи, осветлување на тунелите Солиште и Бел Камен.
-
Македонија 20.03.2016 19:38
Груевски: Делата зборуваат за нас
Ветеното, сработеното и отчетот, посветената работа за подобрување на животот на граѓаните и исполнувањето на ветениот збор не прават поразлични од останатите, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во обраќањето на презентацијата на отчетот за сработеното во изминатите години.
-
Македонија 20.03.2016 14:29
Поднесени 13 кривични пријави против 24 лица од акцијата „Гора“
СВР Скопје, постапувајќи по акцијата „Гора“, поднесе 13 кривични пријави против 24 лица (седум од Велес другите од Скопје) поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно 18 кривични дела од кои: по шест „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „вршење јавен превоз без поседување ли
-
Македонија 20.03.2016 09:11
Почна пролетта
Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почна денеска во 5 часот и 30 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи есента.
Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 7 минути.
-
Македонија 19.03.2016 11:56
ДИК не го усвои извештајот за вкрстената проверка на податоците од Избирачкиот список
Државната изборна комисија синоќа не го усвои извештајот за направената вкрстена проверка на податоците од Избирачкиот список.
-
Македонија 19.03.2016 11:49
Македонија се приклучува кон акцијата „Часот на планетата Земја“
Со исклучување на осветлувањето на 66 локации денеска Македонија ќе се приклучи кон глобалната еколошка акција „Час на планетата Земја“.
-
Македонија 18.03.2016 17:39
Седница на ДИК за резултатите од вкрстената проверка на базите
Државната изборна комисија за вечерва во 18:30 часот закажа седница на која треба да биде разгледан и усвоен Извештајот со резултатите од вкрстената проверка на десет бази на податоци и да се утврди начин на постапување по неконзистетни записи во Избирачкиот список.
-
Македонија 18.03.2016 17:28
Иванов: Ќе се водам од интересите на државата
„Ќе се водам од интересите на државата и на граѓаните, нема да помилувам за тешки кривични дела“ – вели претседателот Иванов по одлуката на Уставниот суд со која му се враќаат ингеренциите кои ги имаше до 2009 година.








