„Наместо родителите, општината ќе обезбеди средства за 24-часовно обезбедување на училиштата“, ветува кандидатот за градоначалник од движењето ЗНАМ во Центар, Мирослав Лабудовиќ. За него безбедноста на децата е приоритет, па ќе се работи и на инфраструктурата.
-
Македонија 22.10.2025 16:43
-
Македонија 22.10.2025 16:27
Мециновиќ: Вториот круг е избор меѓу старото и новото
Вториот изборен круг не е натпревар меѓу двајца кандидати, туку избор меѓу старото и новото, меѓу статус-квото што го изеде градот и визијата за едно поинакво Скопје – порача кандидатот за градоначалник од редовите на „Левица“, Амар Мециновиќ.
-
Македонија 22.10.2025 16:09
Кандидатите на СДСМ продолжуваат со кампањата
На 2-ри ноември имаме избор дали ќе ја вратиме Општина Аеродром на патот на развојот или ќе се продолжи со стагнација како во изминатите четири години, рече кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Александар Трајановски.
-
Македонија 22.10.2025 15:47
Ѓорѓиевски: Да не дозволиме Скопје да биде голема депонија
Расчистување на сметот кој го имаме на секој чекор, да не дозволиме Скопје да биде голема депонија – вели кандидатот за градоначалник на метрополата од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Ова е правата работа со која ќе се зафати откако ќе го освои градоначалничкиот мандат.
-
Македонија 22.10.2025 15:29
Ново рочиште за случајот „Онкологија“
Сосема се спротивни вештачењата на Обвинителството и одбраната како биле лекувани пациентите во случајот „онкологија 1“, во кој за несовесно лекување се обвинети тројца лекари од клиниката за онкологија Никола Васев, Симонида Црвенкова И Драган Јакимовски.
-
Македонија 22.10.2025 13:44
Истрага против 32 физички и правни лица за злоупотреби при јавни набавки во прилепската болница
По поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Прилеп денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 16 физички и 7 правни лица, додека уште девет други лица се осомничени за дела кои се гонат во скратена постапка.
-
Македонија 22.10.2025 13:25
Владината делегација на средби во Лондон
Владина делегација, на чело со премиерот Мицкоски присуствува на самит во Лондон, на едно место балкански и европски лидери во рамките на Берлинскиот процес. Настан кој треба да ги зајакне регионалната соработка, безбедноста и економскиот раст. -
Македонија 22.10.2025 13:20
Одземена документација во Комунална и Град Скопје
Владата нареди инспекциски надзор и итна истрага на Комунална хигиена. Обвинителството собира докази. Во ЗЕЛС закажан е итен состанок.
Викторија Милевска известува за ситуацијата со сметот во главниот град
-
Македонија 22.10.2025 13:12
Случајот со прилепската болница пред суд и обвинителство
По наредба на Обвинителството, Финансиската полиција ја чешла документацијата во прилепската болница. Се проверуваат наводи за сторен криминал со местење на тендери. Обвинителството за шест лица бара мерка притвор.
-
Македонија 22.10.2025 12:36
Претреси на повеќе локации во Скопје, сомнеж за лихварство и перење пари
Се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, информираат од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).










