По интензивни врнежи од дожд кои ја зафатија државата и регионот и кои предизвикаа поплави во Охрид и околината, Градот Скопје вчеравечер испрати тим на лица и техничка помош и механизација за справување со поплавите.
-
Македонија 12.10.2015 13:35
-
Македонија 12.10.2015 13:15
Специјален обвинител: Милион евра за планираните активности
Над милион евра побарала за својот работен и финансиски план специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Таа во петокот го достави планот до Советот на јавни обвинители, кој што по разгледувањето треба да се изјасни по планот.
-
Македонија 12.10.2015 13:12
Средба на лидерот на СДСМ со претседателот Ривлин
Лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска во Тел Авив ќе има средба со израелскиот претседател Реувен Ривлин, јавуваат од СДСМ.
-
Македонија 12.10.2015 13:08
Поплавени населби и стадионот во Куманово, се сумираат штетите од синоќешното невреме
Неколку населби во Куманово синоќа беа погодени од невремето. Поплавени се улиците, подрумите во населбата „Јоска Илиевски“, а поплавен е и стадионот во Куманово.
-
Македонија 12.10.2015 13:00
Во прекин патот од Ропаљце кон Никуштак
Обилните дождови предизвикаа проблеми на локалниот пат од селото Ропаљце кон селото Никуштак. Сообраќајот е целосно во прекин, информираат од Авто- мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот низ останатите патишта низ државата се одвива нормално, по влажни коловози.
-
Македонија 11.10.2015 09:47
Македонија го празнува Денот на антифашистичкото востание
Република Македонија денеска одбележува 74 години од почетокот на антифашистичкото востание и Народноослободителната војна.
-
Македонија 10.10.2015 10:58
Свечена академија по повод 11-ти Октомври
По повод 11 Октомври - Денот на народното востание денеска во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечена академија под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.
-
Македонија 09.10.2015 16:37
Спасов: Бројот на приматели на социјална помош преполовен од 2006 година
Од околу 60 илјади приматели на социјална помош во 2006 година, сега тој број во Македонија изнесува 30 илјади, информира министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
-
Македонија 09.10.2015 16:34
Две мигрантки се породија на Клиниката за гинекологија
Две мигрантки се породија на гинекологија во Скопје. Сиријката се породила вчера, авганистанката денес. Едната ја донеле волонтерите на Црвениот крст, другата семејството. Породувањето поминало без компликации. Донеле на свет здрави машки деца.
-
Македонија 09.10.2015 16:19
Отворен оглас за директор на Агенцијата за туризам
Се бара нов директор кој ќе раководи со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Ќе ги координира активностите поврзани со создавање подобри услови за експанзија на македонските туристички потенцијали.









