Изградени 56 спортски објекти, зз спортски сали, 19 повеќенаменски игралишта, 35 тениски терени – Aгенцијата за млади и спорт со отчет за сработеното во 2015-та. Како најкрупен, посочен проектот за изградба на затворен пливачки базен во Охрид, вреден 5 милиони евра.
-
Македонија 08.01.2016 15:11
-
Македонија 08.01.2016 15:09
Груевски: Ќе се формира центар за трансплантациска медицина
Ќе се формира центар за трансплантациска медицина и хируршки болести. Ова е решено на последната седница на Владата, а во Центарот за пресадување органи ќе работат врвни експерти, искусни членови од МАНУ и млад персонал.
-
Македонија 08.01.2016 15:04
Коцијанчич: Хан во Македонија кон средината на јануари, договорот мора да се исполни
Јунско- јулскиот политички договор меѓу партиите мора да се исполни, оцени од Брисел портпаролката на еврокомесарот Хан, Маја Коцијанчич. Австрискиот дипломат, кон средината на месецов уште еднаш во посета на земјава.
-
Македонија 08.01.2016 15:01
Одложено формирањето на Анкетната комисија за фалсификуваните лични карти
Одложено формирањето Анкетна комисија за скандалот со фалсификувани лични карти. Членовите на Комисијата за избори и за именувања од СДСМ, побараа точката да се отстрани од дневниот ред, зашто како што рекоа, тие немаат намера да учествуваат во работата на Анкетната комисија.
-
Македонија 08.01.2016 13:17
Нова градинка во Општина Аеродром
Нова детска градинка ќе биде изградена во Општина Аеродром. Oбјавен е тендер за изведувач. Надлежните најавуваат дека изградбата, која ќе трае во наредните 6 месеци, ќе почне во февруари годинава. Таа ќе згрижува 250 деца од предшколска возраст.
-
Македонија 08.01.2016 13:12
Средба Ахмети- Коѕијас во Атина
Средба во Aтина меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и неговиот домаќин, грчкиот министер за надворешни Никос Коѕијас.
-
Македонија 08.01.2016 12:44
Успешна година за Агенцијата за млади и спорт
2015-та беше најуспешна година со изградени 56 спортски објекти, велат од Агенцијата за млади и спорт. Од проектот за изградба на 35 спортски сали, досега се изградени 33, последните две се во фаза на градба.
-
Македонија 08.01.2016 11:01
Од почетокот на годинава издадени речиси 16.000 потврди за азил
Во изминативе 24 часа МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.784 странски државјани, од кои 751 се од машки пол, 369 се од женски, 660 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште четири деца кои патуваат без ро
-
Македонија 08.01.2016 10:55
Најстудено во Скопје и Берово
Времето во земјава е променливо облачно. Најстуден град изутрината беше Скопје со минус 4, и Берово со минус 3 Целзиусови степени. Денеска се очекуваат локални врнежи од дожд во западните делови од земјава и потопло време со температура до 11 степени.
-
Македонија 08.01.2016 10:49
Седум собраниски комисии, за пратениците прв работен ден во 2016-та
За пратениците во Собранието прв работен ден во 2016-та година. Како подготовка за пленарната сесијата закажана за в понеделник, седници ќе одржат седум комисии.










