Во Клубот на пратениците во Скопје попладнево почна втората средба на лидерите на четирите најголеми партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во Македонија.
-
Македонија 18.05.2015 14:28
-
Македонија 18.05.2015 13:38
Вељаноски: Долгогодишниот статус-кво во евроатланските интеграции создава простор за дестабилизација
Дологодишниот статус-кво создава простор за најразлични обиди за дестабилизација и затоа е потребно итно да се изнајдат начини да и се овозможи напредок на Македонија во евроатлантските интеграции.
-
Македонија 18.05.2015 13:14
Столтенберг: Најважно е да се избегне ескалација на кризата
Најважно е да се избегне ескалација на кризата и конфликтот во Македонија. Пред почетокот на состанокот на Советот на Европската унија, нагласи генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој ја нарече нашата земја со уставното име, избегнувајќи ја долгата референца.
-
Македонија 18.05.2015 13:04
Членови и симпатизери на опозициската СДСМ, ноќта ја минаа пред Владата
Членови и симпатизери на опозицискиот СДСМ ноќта ја поминаа пред Владата. По вчерашниот протест најавија дека ќе кампуваат пред Владата се додека премиерот Груевски не си поднесе оставка.
-
Македонија 18.05.2015 12:59
Георгиева: Европа не се откажала од Македонија
Најсигурен начин да се надминат проблемите со кои се соочува Македонија е да стане дел од европското семесјтво – вели потпретседателката на Европкста комисија, Кристалина Георгиева.
-
Македонија 18.05.2015 12:50
Советот на ЕУ денеска носи заклучок за Македонија
Советот за надворешни работи на Европската унија ќе излезе со единствен став во врска со случувањата во Македонија и со пристапот кој треба да се преземе.
-
Македонија 18.05.2015 12:41
Стабилна состојбата на повредените полицајци, 5-мина пуштени на домашно лекување
Петмина припадници на безбедносните сили кои што беа повредени во полициската акција во Куманово, а хоспитализирани во Градската општа болница „8-ми Септември“ се пуштени на домашно лекување.
-
Македонија 18.05.2015 11:44
На „Ало докторе“ досега над 35 илјади повици
На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ од 15 септември кога почна да работи, до вчера имало 35.648 повици.Здравствен дом Скопје соопшти дека од 11 мај до вчера на линијата за медицински совет се јавиле 894 луѓе. -
Македонија 18.05.2015 11:14
Пријавување за субвенции за млеко
Во тек поднесување барања за субвенции за продадено овчо, козјо и кравјо млеко од 1-ви јануари до 30-ти април оваа година.
Финансиската поддршката е 3,5 денари за литар и дополнителни 15 проценти за млеко произведено на фарми на висина над 700 метри.
-
Македонија 18.05.2015 10:23
Голем народен собир на ВМРО-ДПМНЕ
Под мотото „Македонија силна!“ вечер пред Собранието на Република Македонија голема народен собир ќе одржи владејачката ВМРО-ДПМНЕ и партиите од коалицијата „За подобра Македонија“.










