-
Македонија 14.05.2015 13:17
МЗШВ: Да не се чека крајниот рок за поднесување барања за земјоделски субвенции
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците да не ги чекаат последните денови од месецов за поднесување барања за земјоделски субвенции. -
Македонија 14.05.2015 13:03
Лидерска средба на четирите најголеми партии, амбасадорите Бејли и Орав набљудувачи
Лидерите на четирите најголеми партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА денеска во 14 часот и 30 минути ќе одржат лидерска средба во Клубот на пратениците во Скопје.
-
Македонија 14.05.2015 12:39
Поради отсуство на адвокатите, одложено судењето на Верушевски
Во Кривичниот суд беше одложен почетокот на судењето на екс- директорот на ДБК, Зоран Верушевски, поради отсуство на адвокатите.
-
Македонија 14.05.2015 11:27
Лидерска средба со присуство на Орав и Бејли?
Неофицијално, за денеска во Kлубот на пратениците е најавена лидерска средба меѓу претседателите на четирите најголеми партии, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА.
-
Македонија 14.05.2015 10:15
Коѕиас во јуни ќе ја посети Македонија
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во јуни ќе го посети Скопје, во рамките на неговата турнеја по главните градови на Западен Балкан. -
Македонија 14.05.2015 09:39
Олбрајт: Спорот за името е апсурд
Никогаш не можев да ја разберам лудоста на спорот со името, но денеска сите државата ја викаме Македонија, вели поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт откривајќи детали од пред 20-сетина години кога беше американски амбасадор во Обединетите нации.
-
Македонија 14.05.2015 09:19
Законите за Царинската тарифа и за минималната плата пред пратениците
Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи третото продолжение на 47.седница.
На дневен ред на седницата се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за Царинската тарифа и за минималната плата во Република Македонија, двата по скратена постапка.
-
Македонија 13.05.2015 17:00
Богата биографија зад новите владини министри
Митко Чавков и Владо Мисајловски се новите министри во кабинетот на премиерот Никола Груевски. Чавков ќе го предводи МВР, а со транспортот ќе раководи Мисајловски. Зад новите владини министри стои богата биографија.
-
Македонија 13.05.2015 16:50
Ќе се формира анкетна комисија за прислушувањето
Заклучок за формирање на Анкетна комисија за утврдување на аспектите и наводите поврзани со случајот со прислушкувани разговори, е донесен на Координативната средба меѓу претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, собраниските потпретседатели и координаторите на пратеничките групи.
-
Македонија 13.05.2015 16:41
Попоски ги информираше министрите на НАТО за безбедносната состојба во Македонија
На состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Анталија, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски ги запозна министрите на НАТО членките и партнерите со најновите безбедносни предизвици со кои беше соочена земјата во изминатиот викенд.










